Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Министерката за финансии бара предлози, сугестии и критики за “МојДДВ”

Објавено

на

Мерката “МojДДВ” со која граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот ДДВ и со тоа влијаат кон адресирање на сивата економија е еден од неколкуте проекти на агендата на министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Во следниот период ќе се работи на унапредување на решението (самата мерка и мобилната апликација). Ќе бидат имплементирани подобрувања и се планираат нови функционалности, затоа ве поканувам да учествувате со коментари, сугестии и критики како од аспект на корисници на мерката, така и од професионален аспект.

Мерката е популарна помеѓу граѓаните, наплатата на ДДВ се зголемува а граѓаните го остваруваат правото на поврат на 15% од нивното ДДВ на скенираните сметки што е дел од Владината програма “Пари назад кај граѓаните”. Исплатата за првиот квартал од лансирањето (јули-септември) ќе се реализира во месец декември.

Бидејќи “секогаш се’ може подобро” и притоа земајќи ги предвид сите досегашно апсолвирани коментари од пријатели и соработници околу мене (вклучително моите како корисник на “МојДДВ” и од професионален аспект) сакам да ве поканам да придонесете и активно да учествувате со споделување на вашите сугестии и предлози кои ќе бидат предмет на разгледување од страна на работната група која ќе работи на формирање на барањата за промени (анг. change requests)” – објави Ангеловска.

Во прилог се неколку статистики:
– Мобилната апликација до сега има 196К инсталации (85% Android, 25% iOS)
– Во јули 137К граѓани скенирале 7.2М сметки со вкупна вредност на ДДВ од 59 милиони денари.
– Во август беа скенирани 7.8М сметки со вкупна вредност на ДДВ во износ од 66 милиони денари од страна на 142К корисници.

Сите предлози, детални идеи  и сугестии може да испратите и на mojddv@finance.gov.mk

Криптовалути

Цукерберг ставен на маки – Ја доби првата тужба за Libra

Објавено

на

Facebook не може да крене глава од проблеми поврзани со амбициозно најавената крипто платформа Libra која никако да се етаблира според замислите. Сега Facebook ја доби првата тужба и тоа за нарушување на авторски права, поточно за копирање на лого.

Тужбата ја покрена Current, компанија која се занимава со мобилно банкарство. Нивното лого е речиси идентично како и на Calibra, компанијата која беше основана од Facebook за да управува со Libra проектот.

Логоата на двете компании се изработени од истата фирма, Character од Сан Франциско. Current тврди дека нивното лого било регистрирано неколку дена пред Facebook да објави дека ќе развива сопствена криптовалута и посебен крипто дигитален паричник за управување со трансакциите.

„Facebook ги има сите пари и ресурси во светот. Ако тие навистина сакаат да го направат банкарството повеќе инклузивно, фер и достапно, тогаш требаше да смислат сопствени идеи и брендинг како што ние направивме“, истакна Стјуар Соп главниот извршен директор на Current.

Исто така Facebook ги изгуби речиси сите значајни партнери во Libra асоцијацијата меѓу кои PayPal, e-Bay, Stripe, MasterCard и Visa кои истакнаа дека повеќе нема да бидат дел од платформата и тоа пред да се одржи првиот состанок на бордот на директори во понеделник.

Продолжи со читање

Останато

Средба Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%

Објавено

на

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Грција за прв пат во историјата издаде благајнички записи со негативна каматна стапка

Објавено

на

Грција денеска издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата, jави дописничката на МИА од Атина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange