Connect with us

Останато

Ангеловска: Заем до еврообврзница на износ од 400 милиони евра за справување со кризата

Објавено

на

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на прес конференција во Владата на РСМ најави дека поради сериозноста на ситуацијата и неопходноста од итно обезбедување на финансиски средства за поддршка на здравството и стопанството ќе се обезбеди заем од 400 милиони евра од странски комерцијални банки по поволни каматни услови.

Најавено е дека со цел обезбедување на ликвидноста на државата, а воедно имајќи го предвид временскиот период за обезбедување на еврообврзница ќе мора да се оди со наједноставното решение во моментов, преку финансиски инструмент наречен “bridge-to-bond” или заем до еврообврзница на износ од 400 милиони евра со рок на отплата од 12 месеци.

Со цел појаснување на финансискиот инструмент, станува збор за времен заем од странски банки под поволни услови кој ќе послужи на буџетот на државата се додека не се обезбеди еврообврзницата.

Притоа, Ангеловска најави дека за овој заем очекуваат историски најниска каматна стапка, пониска и од онаа на еврообврзницата од 2018 година која изнесуваше 2,75%.

Дополнително, планирано е да се повлечат 87 милиони евра од ММФ и 100 милиони евра од Светска банка.

По одлуката на Владата, Министерството за финансии ќе ја достави неопходната документација до странските институции и организации. Предлогот е потпишан од дополнителната заменик министерка за финансии, што укажува дека сите фактори во нашата земја се свесни за сериозноста на ситуацијата.

 

Останато

УЈП го заокружи и третото тримесечје од МојДДВ, граѓаните ќе добијат 5,6 милиони евра!

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мерката МојДДВ нема да се стопира, но можно е да се овозможи опција за донирање

Објавено

на

Владата засега не планира да ги стопира мерката поврат на ДДВ кон граѓаните „МојДДВ моја заштеда” и наградната игра поврзана со оваа мерка, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес конференција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со последиците од кризата

Објавено

на

Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно