Connect with us

Останато

Министерката Ангеловска го презема управувањето со Министерството за финансии

Објавено

на

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии.

Министерката оствари средба со заменик-министерката за финансии Ширет Елези и со државниот секретар Јулијана Петановска, на која беа дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.

Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“, компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. Има бројни домашни и странски признанија. Германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи  на старт-апи, а магазинот „Forbes“ ја наградува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија. Во 2017 година Ангеловска го иницира основањето на првата Асоцијација за е-трговија и станува нејзин претседател. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската асоцијација за е-трговија ЕМОТА. Во 2019 година таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.

Ангеловска во интервју за МИА истакна дека ќе се вложува во проекти кои ќе донесат економски раст и ќе ја намалат невработеноста. Таа посочи дека Министерството го очекуваат амбициозна агенда и реформи, како што е мерката за стимулирање на растот на платите, која е предвидена со претстојниот ребаланс на Буџетот.

Останато

Ангеловска од Самитот на ЕБОР: Развој на платформа за размена на добри искуства, политики и проекти меѓу земјите

Објавено

на

Да се развие платформа за споделување на знаење, каде што сите земји ќе можат да ги видат најдобрите практики од други земји. На овој начин земјите ќе можат да учат од најдобрите искуства, а владите да носат политики кои се засноваат на докази и претходно искуство. Ова било дискутирано на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и ИКТ тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која се случила на маргините на Инвестицискиот самит на земјите од Западен Балкан во Лондон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Презентација на Европски навики за плаќање во 2019 година

Објавено

на

На 19.02 се одржа настан организиран од EOS Матрих на кој темата беше презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“, кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред. Целта на настанот беше да се подигне свеста дека неплаќањето на обврски не е проблем само во Македонија, туку е проблем и во Европа и насекаде во светот, колку сме ние далеку или блиску до европските платежни навики, со цел да се идентификуваат мерки и постапки како да се минимизира таа разлика. Како што изјави Катерина Бошевска, директорката на EOS Матрих, во нејзиното поздравно обраќање: (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Инвестиции во луѓе, технологии и ефикасна администрација за посилно темпо на економски раст

Објавено

на

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно