Останато
Минимална е разликата, но мажите сеуште надмоќни во однос на жените по заработката


Жените во ЕУ сè уште заработуваат помалку од мажите во просек, а за секое евро кое ќе го заработи маж, жената заработува 86 евроценти, соопштено е пред Европскиот ден на еднакви плати, кој годинава се одбележува на 10 ноември.
„Еднаквоста е една од основните вредности на ЕУ и е основа на независноста и слободата на луѓето. Жените и мажите заслужуваат еднаква плата, третман и можности”, се наведува во заедничкото соопштение на Вера Јурова, потпретседателка на Европската комисија, задолжена за вредности и транспарентност, комесарот за социјални прашања Николас Шмит и комесарката за еднаквост Хелена Дали.
Комесарите изјавија дека, иако исти плати за жените и за мажите беа предвидени со Договорите на ЕУ пред повеќе од 60 години, разликите сè уште постојат и покрај подобрувањето на положбата на жената во општеството и професионалниот живот.
Јазот во платите се должи на неколку фактори – одговорноста за грижата за семејството е претежно на жените, така што тие се со поголема веројатност да работат со скратено работно време, жените работат во послабо платени сектори и послабо платени работни места во секторот и поради помалите плати имаат и помали пензии…
Исто така, се посочува дека непостоењето на исти плати е тешко да се утврди, а нетранспарентноста на платите ги става жените и некои мажи во неповолна положба.
На почетокот на оваа година, Европската комисија предложи директива за транспарентност на платите, која има за цел да ги зајакне работниците со конкретни алатки за остварување на нивните права и што е најважно, да ја унапреди примената на еднакви плати во компаниите.
Комесарите во денешното заедничко соопштение посочија дека денешните вработени и млади луѓе, како и идната работна сила, очекуваат повеќе од работодавачите во однос на вклученоста и правичноста.
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје