Connect with us

Останато

Минималната плата од 18.000 денари станува реалност

Објавено

на

По тридневна расправа, Собранието денеска ги усвои измените на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, со кои се предвидува минималната плата да се покачи од 15 на 18 илјади денари со тоа што во првата година државата ќе го субвенционира зголемувањето на придонесите кај бизнисите што до сега не го користеле тоа.

Од присутните 95 пратеници, позитивно се изјаснија 90 од нив, додека немаше никој против или воздржан.

Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници во април да земат покачена минимална плата. За помош на фирмите за зголемување на минималната плата во буџетот се предвидени 16 милиони евра, кои ќе се искористат за покривање на разликата во придонесите во првата година.

Со измените на законот се утврдува и методологијата за годишното усогласување на минималната плата, па така ќе има тековно усогласување на минималната плата со годишниот раст на просечната плата и на трошоците за живот. Висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 отсто од просечната плата.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно