Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Депозити

Минимален пад на кредитите и депозитите во јануари

Објавено

на

По сезонски високиот раст во декември, вкупните кредити во јануари се намалија за 0,8% на месечна основа, покажуваат податоците на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ).

Во услови на зголемено кредитирање на секторот „домаќинства“, месечното намалување во целост произлезе од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, кое забележа значителен пораст во претходниот месец. Анализирано на годишна основа, стапката на кредитен раст изнесува 7,8% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“.

Во јануари, кај кредитите на корпоративниот сектор бележиме месечно намалување од 1,9%, додека во споредба на годишна основа е остварен раст од 5,7%. Притоа, најголем придонес во месечниот пад, односно годишниот раст имаат кредитите одобрени во денари.

Кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен и годишен раст од 0,5% и 9,9%, соодветно. Притоа, нагорната промена на месечна и годишна основа е резултат на зголемената кредитна активност кон секторот „домаќинства“ преку денарски кредити (учество од 88,1% и 67,6%, соодветно).

Во јануари, вкупните депозити бележат месечен пад од 0,8% којшто во поголем дел се должи на намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор, при поумерено намалување и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, депозитниот раст и натаму е солиден и изнесува 10,6%. Годишната промена е резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, при поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ (59,9%).

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари е евидентирана надолна месечна промена од 2,6%, којашто главно произлегува од намалувањето на депозитните пари, а во помал дел и од падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута. Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 10,6% и во најголем дел е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити (во странска валута и во денари), како и на депозитните пари.

Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен пад од 0,5%, којшто целосно се должи на намалувањето на депозитните пари, во услови на раст на орочените депозити во денари и странска валута. Анализирано од аспект на валутната структура, на годишна основа е остварена стапка на раст од 9,3%, којашто произлегува од растот и на денарските и на девизните депозити, при поизразен придонес на депозитите во денари (57,4%).

Депозити

ПроКредит Банка советува: Навиката за штедење треба да се развива од најмали нозе

Објавено

на

Сите сакаме да имаме заштеда за идни планови, школување на децата и погодни инвестиции, но ретко кој од нас трга дел од своите редовни месечни приходи настрана за идни потреби. Откажувањето од можноста да си пружиме дополнителни задоволста сега за сметка на идни планови е многу тешко, а особено и невозможно додека ги гледаме парите на сметка. Токму поради оваа причина секој од нас треба да се потруди да стекне навика за штедење која нема да го става во искушение трошењето до последен денар на парите на сметка. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

ТТК Банка АД Скопје со нов промотивен депозит за штедачите – ПРОМО ФИКС 15 во денари и во евра

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје понуди нов промотивен депозит ПРОМО ФИКС 15 со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 месеци во промотивен период од 10 мај до 30 јуни 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Депозит “Среќна Среда” од Халкбанк

Објавено

на

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведе нов промотивен депозит кој веќе е активен секоја среда, и тоа со посебни промотивни услови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange