Криптовалути
Милијардерите ПРОТИВ биткоинот – по Бил Гејтс и Чарли Мунгер ја нападна напознатата криптовалута: “Не знам што е полудо, биткоин или Тесла”


Легендарниот инвеститор Чарли Мунгер, долгогодишен деловен партнер и соработник на Ворен Бафет, деновиве гласно размислуваше за акциите на „Tesla” и за најпознатата криптовалута биткоинот.
И во двата случаи, имаше огромен раст во текот на изминатата година, па тој беше запрашан дали е полудо што биткоинот надминува 50.000 долари или пазарната вредност на „Tesla” којашто веќе достигна вредност од речиси една милијарда долари.
„Имам сличен проблем како Семјуел Џонсон кога го прашаа дали сака болви или вошки. Не знам што е полошо. Не верувам дека биткоинот ќе стане општо средство за плаќање. Премногу е волантно и непостојано. Тоа е вештачка замена за златото. Бидејќи никогаш не сум купил злато, нема да купувам ниту биткоини“, изјави Мунгер.
Акциите на „Tesla” лани пораснаа за неверојатни 743%, иако во моментов се намалени за околу 3% за тековната 2021 година. Пазарната вредност на „Tesla” е околу 689 милијарди долари. Во текот на изминатата недела биткоинот продолжи да ја зголемува својата вредност и повторно ја надмина границата од 50.000 американски долари откако „Tesla” и „MicroStrategy” објавија дека купиле биткоини во вредност од 3,5 милијарди долари.
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
Криптовалути
МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути


Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“. (more…)
Криптовалути
Цената на најпознатата криптовалута повторно во надолен тренд по неколкудневниот раст


Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје