Connect with us

Останато

Милијардерите во текот на пандемијата станаа „потешки“ за 4.000 милијарди долари

Објавено

на

Извештај на Институтот за политички студии (ИПС) покажува дека богатството на 20-те најбогати милијардери во светот за една година се зголемило за 742 милијарди долари. Богатството на сите милијардери во светот, меѓутоа, за време на пандемијата на коронавирусот е зголемено за 4.000 милијарди долари.

Извештајот на Институтот за политички студии (ИПС), објавен на порталот „Бизнис инсајдер”, покажува дека од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година, богатството на 2.365 милијардери се зголемило за 54 проценти, односно за 4.000 милијарди долари, пренесува агенцијата „Анадолија”.

Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.

Извештајот на меѓународната организација „Оксфам“, објавен на почетокот на 2021 година, покажа дека милијардерите се „потешки“ за околу 3.900 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека овие пари можат да помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирусот и дека можат да бидат доволни за да се купат доволно вакцини против Ковид-19 за сите.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно