Анализи
Милионски профити на банкарскиот сектор, трите најголеми банки прокнижија 67,5 милиони евра за девет месеци!

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во првите девет месеци од 2020 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје) оствариле добивка од 4.156.100 илјади денари или 67,58 милиони евра.
Споредбено со добивката на овие банки за истиот период во 2019 година, единствено Комерцијална банка бележи минимален раст на профитот, додека Стопанска банка и НЛБ Банка бележат намалување на заработката.
Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која во првите девет месеци од годината прокнижи нето добивка од 1.580.087 илјади денари или 25,7 милиони евра, што претставува намалување за 17,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.
Стопанска банка АД – Скопје имуна на коронавирусот, забележа профит од 25,7 милиони евра за девет месеци
Потоа следи Комерцијална банка АД Скопје, со позитивен финансиски резултат од 1.310.600 илјади денари или 21,3 милиони евра, која е единствена банка од оваа тројка која бележи раст на добивката за 0,8% во однос на 2019 година.
КОВИД не и може ништо на Комерцијална: Профит од 21,3 милиони евра за првите девет месеци годинава
Редоследно, третопласирана е НЛБ Банка АД Скопје, која успеа да прокнижи 1.265.413 илјади денари профит, односно 20,5 милиони евра. Но, и покрај високиот профит, сепак во однос на истиот период минатата година бележи намалување на финансискиот резултат за 13,1%.
Одлични девет месеци за НЛБ Банка: Профит од 20,5 милиони евра во време на пандемија со Ковид-19
Она што паѓа во очи од финансиските извештаи на трите најпрофитабилни банки по изминати девет месеци од тековната 2020 година се два сегменти и тоа:
- Работење во време на пандемија со Ковид-19;
- Огромните каматни приходи кои ќе се остварат откако ќе се прокнижат Ковид-19 каматите.
Првиот сегмент, е оној каде банките се жалат дека поради новонастанатата ситуација со пандемијата Ковид-19 неопходно било да се спроведе прилагодување на тековното работење, од аспект на заштита на ликвидноста, заштита на здравјето на вработените и клиентите и зголемени ризици по кредитното портфолио на банките, што согласно образложенијата на Билансот на Успех на овие три банки значело зголемени инвестиции, поголема претпазливост во работењето кое неминовно придонело кон топење на дел од планираниот профит за тековната година.
Вториот сегмент е растот на нето-приходите од камати во период кога на сила беше активно одложувањето на отплатата на кредитните обврски како резултат на пандемијата со коронавирусот. Она што е неопходно да се посочи овде е дека речиси 70% од кредитно изложените клиенти ги одложија кредитите и за нив ќе се пресмета т.н. Ковид камата и ќе се надополни на главницата која е недоспеана. Бидејќи финансиските резултати се однесуваат за периодот јануари-септември, со право може да очекуваме бум на растот на приходите по основ на камати во месеците октомври, ноември и декември кога ќе се прокнижат уплатите по основ на насобрани неплатени камати во изминатите шест месеци.
Дали овие сегменти ќе придонесат кон намалување на профитот како резултат на продлабочување на кризата со Ковид-19 или ќе ја лансираат добивката на банките на досега невидено ниво, останува да анализираме по завршувањето на тековната година и консолидирањето на финансиските резултати на банките.
Дотогаш, останете во добро здравје и почитувајте ги препораките!
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
Анализи
Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 1 month
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!