Connect with us

Осигурување

Милионски приливи од камати и дивиденди на сметките во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Пензиското штедење претставува долгорочно штедење кое има за цел зголемување на средствата на идните пензионери. Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку активно управување со средствата од пензиските фондови обезбедува раст на вредноста на пензиските заштеди. Приносите остварени од инвестирањето на средствата ќе ги зголемат заштедите и ќе обезбедат посигурна и постабилна иднина за членовите во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус.

Од инвестираните средствата на домашниот и странските финансиски пазари, според последните податоци од Сава пензиско друштво а.д. Скопје, во периодот од 12.05.2020 до 21.05.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд е пристигнат прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 32.000.000,00 денари и приливи од камати во износ од 4.890.823,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

За истиот овој период пристигнале приливи од дивиденда во износ од:
– 5.545,99 долари, од инвестираните средства во компанијата Apple Inc;
– 85.358,98 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG и
– 14.950.800,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје.

Во периодот од 12.05.2020 до 21.05.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигнал прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 896.000,00 денари, како и приливи од камати во износ од 45.625,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

На сметката на Сава пензија плус, во истиот во истиот овој период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од:
– 172,20 долари, од инвестираните средства во компанијата Apple Inc;
– 2.762,78 евра, од инвестираните средства во компанијата Bayerische Motoren Werke AG и
– 378.000,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Алкалоид АД Скопје.

Приносот кој се остварува од управувањето со средствата на пензискиот фонд им припаѓа единствено на членовите на фондот и се распределува на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот можете да најдете преку редовните квартали извештаи на пензиските фондови кои се објавени на веб страната на друштвото www.sava-penzisko.mk. Дополнителни во финансиските извештаи детално се наведени и сите финансиски инструменти и компании во кои се инвестираат средствата од пензиските фондови.

Работењето на Друштвото и управувањето со пензиските фондови е под постојана контрола на Супервизорот на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Business Woman

Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор на Триглав осигурување живот АД Скопје

Објавено

на

Компанијата Триглав осигурување живот АД Скопје доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презема водечката позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето во Кроација осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Поддршка во борбата со рак на дојка: Сигурност во најпотребните животни моменти со Халк Осигурување

Објавено

на

Секојдневно три од четири случаи се дијагностицираат со рак на дојка, повеќе од 250 жени заболуваат месечно, додека 90 од нив ја губат битката. Со овие статистики ракот на дојка претставува најчест облик на тумор кај жените. Периодот на КОВИД-пандемијата го отежна пристапот до медицинска услуга и до третман, а уште повеќе и до одложување на дијагностицирањето на заболувањата. Затоа, повеќе од кога и да било, потребни се, пред сè,  самопрегледите, превенцијата и раното детектирање на состојбите.   (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Потврден одличниот кредитен рејтинг на Сава Ре од страна на AM Best

Објавено

на

По редовниот годишен преглед, агенцијата за рејтинг AM Best го потврди „A“ рејтингот на финансиската моќ и „А“ долгорочен кредитен рејтинг на Сава Ре,  при што перспективата ја оцени како „стабилна“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно