Connect with us

Домашни банки

Милан Дамчевски, назначен за нов Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

Г. Милан Дамчевски, долгогодишен член на тимот на ПроКредит Банка e назначен за нов Член на Управниот одбор, позиција на која ќе биде задолжен за менаџирање на следните оддели: Правни лица – средни клиенти, Управување со средства и ликвидност, Маркетинг, како и одделот за Деловна поддршка.

Во текот на својот професионален развој во тимот на ПроКредит Банка, г. Дамчевски го градеше своето искуство на повеќе позиции, започнувајќи како дел од Onboarding програмата на ПроKредит Банка, потоа, советник за мали и средни бизнис клиенти, за да напредува и во последните пет години да ја извршува функцијата Менаџер на филијата за Средни клиенти. Има посетувано и успешно завршено бројни професионални обуки, меѓу кои: Bankers Academy и Management Academy на ПроKредит Банка во периодот од 2015 – 2017 во Фурт, Германија.

„Ми претставува задоволство и голем професионален предизвик можноста да се посветам на креирање и спроведувањето на стратешките цели на ПроКредит Банка, институцијата каде што ја започнав и во изминативе десет години ја градам мојата професионална кариера. Високиот квалитет на услуга, како и воведување на нови напредни и ефикасни практики во банкарското работење ќе остане наш врвен приоритет, како потврда на имиџот на банката – Лидер во доменот на дигитализација и докажан банкарски партнер на клиентите, правни и физички лица.“ – изјави г. Дамчевски.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

Објавено

на

  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно