Connect with us

Останато

Меј Маск: Илон беше генијалец уште на тригодишна возраст

Објавено

на

Мајката на Илон Маск, Меј знаела дека нејзиниот син е предодреден да биде великан, уште кога имал само три години. Таа говореше за неговата генијалност во интервју за „CBS“.

„Кога имаше три години, знаев дека тој е генијалец, но тогаш сѐ уште не знаете дали ќе направи големи работи… Бидејќи многу генијалци завршуваат во подрум, и не го искористуваат тоа. Така, јас бев многу возбудена кога тој го почна „Зип 2“, затоа што тоа го олеснуваше животот од врата до врата, а потоа весниците веќе имаа насока што ве носи во ресторан. Знам дека тоа е вообичаено сега, но беше многу необично тогаш и луѓето не веруваа дека тоа е можно, и затоа јас вложив во тоа уште на самиот почеток”, раскажуваше Меј за почетоците на нејзиниот генијален син.

Потоа, раскажува како Илон стигнал до првата половина милион долари кога имал само 12 години.

Милијардерот минатата недела објави награда од 100 милииони долари за делотворна идеја за технологија за намалување на испуштањето јаглерод и штетни материи кај автомобилите.

Останато

БДП на САД се намали за 2,4 проценти во последниот четврти квартал од 2020 година

Објавено

на

Американската економија се намали за 2,4 проценти во четвртиот последен квартал од 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од проценката во јануари за падот на активноста од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Објавено

на

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба на министерот Бесими со еврокомесарите Хан и Џентилони: Исполнети условите за втората транша од 80 милиони евра за надминување на кризата

Објавено

на

„Исполнети се условите за добивање на втората транша од 80 милиони евра од макрофинансиската помош од Европската Унија во вкупен износ од 160 милиони евра, а кои се наменети за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. По добивањето на одобрението од Европската комисија, Министерството за финансии ќе испрати барање за исплата на втората транша. Воедно, во првата половина на март ќе поднесе барање за исплата на втората транша во износ од 8 милиони евра од Договорот за отпорност на ЕУ, а којашто се надеваме дека ќе ја добиеме до крајот на наредниот месец“, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, којашто се одржа во Брисел. (more…)

Продолжи со читање


Популарно