Connect with us

Домашни банки

Меѓународната агенција Fitch Rating уште еднаш ја потврди стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка

Објавено

на

Една од најголемите независни светски рејтинг агенции, Fitch Ratings, и оваа година ја оцени ПроКредит Банка со највисок можен инвестициски рејтинг во земјата. Тоа е потврда дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво.

ПроКредит Банка е првата и единствена банка во земјата која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, уште од 2005 година. Високо-квалитетното кредитно портфолио, сo неколку пати пониска стапка на нефункционални кредити од стапката на банкарскиот сектор во земјата, соодветната ликвидност, како и воспоставените добри практики во работењето ѝ го донесоа позитивниот „БББ-“ рејтинг.

Рејтинг агенциите, како Fitch Group, им помагаат на компаниите и физичките лица да се информираат за финансиската стабилност на банките со цел да донесат цврсти финансиски одлуки. Овие рејтинзи користат важни критериуми за проценка на кредитната вредност на компанијата и вклучуваат детална анализа на целосното оперативно работење и организација на институциите.

Уште од самите почетоци во работењето, ПроКредит Банка се позиционираше како банка која работи според принципот ‘одговорно банкарство’, што подразбира соодветна проценка на ризикот, особено во сегментот на кредитирање, со фокус на безбедноста и долгорочниот бизнис модел, а не на краткорочни профити. Според Fitch Ratings, стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките произлегува токму од овие уникатни практики и корпоративна култура.

Од ПроКредит истакнаа дека клиентите веќе одамна знааат да го препознаат високиот квалитет на услуга и ја гледаат како сигурен партнер во бизнисот, но и во работењето со физичките лица, особено во сегментот на штедење, каде ПроКредит важи за банка од прв избор на нашиот пазар.

Домашни банки

Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Објавено

на

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Објавено

на

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Објавено

на

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно