Connect with us

Останато

Меѓународен бизнис-форум „Со соработка до побрз развој”

Објавено

на

„Со соработка до побрз развој“ е темата на меѓународниот деловен форум што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на српски деловни субјекти и застапници во Република Македонија (СИДИС) во соработка со Амбасадата на Република Србија.

На форумот ќе учествуваат претставници на стопански комори и деловни субјекти од држвава, Србија, Република Српска (БиХ), Турција, Германија и Русија.

“Собирот првенствено е наменет кон продлабочување на билатералната економска и деловна соработка помеѓу Република Србија и Република Македонија, унапредување на соработката помеѓу земјите од регионот, како и можности за создавање нови и унапредување на постојните деловни врски меѓу компаниите”, истакнуваат организаторите.

Останато

„Европски навики за плаќање“ – презентација на истражување спроведено од EOS

Објавено

на

На 19 февруари во Хотел Александар Палас, со почеток од 13 часот, под наслов „Европски навики за плаќање“ EOS Матрих Македонија ќе го презентира истражувањето кое компанијата го спроведува веќе 12 години по ред. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Прва стартап конференција „Pitch. Match. Grow.“

Објавено

на

Конференцијата „Pitch. Match. Grow.“ е организирана од PwC Северна Македонија, во соработка со Македонска Берза, каде ќе добиете корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на вашиот проект/идеја/стартап. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Преку МСИП забрзано се градат и рехабилитираат локалните патишта

Објавено

на

Одлична реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, особено во изградбата на локалната патна инфраструктура, каде во текот на изминатите 6 месеци во 13 општини е започната или завршена градба на повеќе локални патишта од кои корист ќе имаат преку 60 илјади граѓани. Дополнително преку МСИП се доделува и проектна документација на сите општини за изградба на околу 271 километар пат. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на увид во изградбата на Корзото во општина Ѓорче Петров и пристапната улица, на кој присуствуваше и градоначалникот на општината Александар Наумоски. (more…)

Продолжи со читање

Популарно