Останато
Меѓугодишната инфлација во еврозоната во февруари изнесува 0,9 проценти


Меѓугодишната инфлација во еврозоната во февруари 2021 година е стабилна и изнесува 0,9 проценти, иста како и во јануари, покажа брзата проценка на Статистичкиот завод на Европската унија, „Евростат”.
Гледано по главните компоненти на инфлацијата- цените на храната, алкохолот и тутунот во монетарниот блок во февруари се повисоки за 1,4 проценти на меѓугодишно ниво, во однос на годишниот раст од 1,5% во јануари, покажаа првичните податоци објавени на веб-страницата на Евростат.
Следуваат услугите, што минатиот месец беа поскапи за 1,2 проценти во однос на февруари 2020 година (1,4% во јануари), потоа индустриската стока без енергенсите, со стапка од 1,0 проценти во споредба со 1,5 проценти во јануари, како и секторот енергетика чии цени во февруари се пониски за 1,7 проценти на меѓугодишно ниво (-4,2% во јануари).
Од 19 земји-членки на еврозоната, Холандија во февруари има највисока меѓугодишна стапка на инфлација од 1,9 проценти, процени Евростат, додека Грција забележува подлабока дефлација од минус 1,9 проценти.
Останато
Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК


Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)
Останато
Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”


Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите