Connect with us

Останато

Методија Мирчев назначен за нов Извршен директор на А1 Македонија

Објавено

на

А1 Македонија назначи нов Извршен директор на компанијата, кој ќе ги преземе одговорностите и ќе го наследи досегашниот директор Мислав Галер кој ќе ја продолжи својата кариера надвод од компанијата и кластерот Македонија и Хрватска.

Новиот извршен директор е г-дин Методија Мирчев, кој доаѓа на оваа позиција со огромно знаење и стекнато искуство во различни области во мултинационални компании. Тој ја започнува својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имал извршна позиција во L’Oréal Полска.

Како Директор за продажба и Главен комерцијален директор во телекомуникациската компанија Космофон, Методија покажува врвни лидерски способности за кои е потребно огромно познавање на технологијата во бизнис работењето, како во B2B така и во B2C сегментот. Во 2011 година Методија ја продолжува кариерата на позицијата Главен директор за продажба и маркетинг во ОНЕ – Телеком Словенија Групацијата по која бил унапреден во Извршен член на Бордот на директори на ОНЕ и ја извршува функцијата Главен оперативен директор.

Методија дипломирал на Варшавскиот технолошки универзитет, магистрирал на Лондонската и Париската бизнис школа, како и Норвешката школа за економија.

А1 Македонија му посакува добредојде на Методија како нов Извршен директор. Уверени сме дека со неговата биографија и широко искуство во телекомуникациската индустрија ќе ја направи компанијата уште посилен играч на телекомуникацискиот пазар во земјата. Методија го наследува Мислав Галер кој во 2017 година беше назначен за Извршен директор на оне.Вип, период кога тој даде значителен придонес во бизнис заедницата и телекомуникацискиот пазар во земјава. Тој успешно ги имплементираше проектите за развој и забрзување на компаниските процеси кои доведоа до суштински промени во компанијата, го воведе агилниот начин на работа и имплементираше работна средина која инспирира иновативност. Мислав го водеше најголемиот проект за 2019 година, ребрендирањето на компанијата и промовирањето на А1 брендот во нашата земја. А1 Македонија ја изразува својата благодарност кон Мислав за неговото посветено работење во изминатите две години во компанијата и му посакува успех во неговата идна кариера.” – велат од компанијата.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно