Connect with us

Домашни банки

Метеж пред банките направија над 100.000 граѓани кои беа клиенти на Еуростандард банка

Објавено

на

Затворањето на Еуростандард банка АД Скопје остави без пари над 100.000 граѓани коишто своите приходи ги земале на трансакциска сметка во банката.

Сметките на граѓаните и фирмите кои соработувале со Еуростандард банка АД Скопје им се блокирани и тие во моментов не можат да располагаат со своите средства.

Во меѓувреме, Народната банка ги извести граѓаните кои соработувале со Еуростандард банка АД Скопје да отворат транскациски сметки во други банки и да ги известат ПИОМ, социјалното и работодавецот дека приходот треба да го префрлат кај друга банка.

По добивањето на информацијата од Народната банка, граѓаните ги „окупираа” експозитурите и филијалите на другите банки ширум државата со цел да отворат нови трансакциски сметки. Тоа предизвика метеж пред банките во услови кога владее пандемија и ширење на коронавирусот. Граѓаните се свесни дека не треба да се прават гужви пред банките, но немаат друг избор, мораат да отворат трансакциски сметки во друга банка пред да го добијат следниот прилив.

Граѓаните чекаат и по половина час за да влезат во експозитура. Ова е проблем и за редовните клиенти на банките кои исто така, чекаат многу за да влезат и да ги завршат своите трансакции. Најголем метеж се создава поради отворање на нови трансакциски сметки од граѓаните кои досега беа клиенти на Еуростандард банка АД Скопје, но и поради неработењето на Македонски Пошти кои го извршуваа платниот промет на пропаднатата банка. Исто така, метеж се создава поради ограниченот број на лица коишто можат да влезат во експозитурите и филијалите поради целокупната ситуација со пандемијата на коронавирусот.

Од друга страна, банките се со ограничен број на вработени поради користење на годишни одмори на поголем дел од вработените.

Од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација апелираат до граѓаните да ги вршат своите трансакции преку алтернативните канали на комуникација, а во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите да ги почитуваат мерките за заштита.

Но, за зал поголем дел од граѓаните воопшто не ги почитуваат мерките за заштита и задолжително носење на заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Држењето на пропишаното минимално растојание воопшто не се почитува од граѓаните, а тоа може да се види од сликите во прилог.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно