Connect with us

Останато

Мерките за поддршка на светската економија изнесуваат 19,5 трилиони долари на глобално ниво

Објавено

на

Од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, владите и централните банки ширум светот ветија дека ќе издвојат 19,5 трилиони долари за поддршка на светската економија.

Владите објавија мерки за поддршка од речиси 12 трилиони американски долари до септември оваа година, а централните банки дополнително помогнаа со најмалку 7,5 трилиони долари за да го ублажат влијанието на пандемијата врз нивните економии, соопшти ММФ во годишниот извештај објавен во понеделникот.

Сепак и покрај досега невидените размери и брзите мерки за спасување, кои вклучуваа намалувања на даноци, субвенции за плати, одобрување на кредити за мали бизниси и намалување на каматните стапки на рекордно ниски нивоа, глобалната економија трпи најголема рецесија од Големата депресија, пишува ММФ во извештајот, а пренесува „CNN”.

Економската активност и вработувањето во големи делови на светот, вклучувајќи ги САД и Европа, остануваат далеку под нивото на коешто се наоѓаа пред пандемијата.

Иако најавата за вакцини против Ковид-19 навестува подобрена перспектива за глобалната економија следната година, тоа нема да им помогне многу на земјите во блиска иднина. И потенцијалните пречки за обезбедување дополнителна финансиска поддршка на економиите може да го загрозат и така веќе кревкото закрепнување.

„На земјите сега им претстои долг пат на опоравок кој ќе биде тежок, нерамномерен, неизвесен и склон кон застои”, изјави извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.

Во САД, каде што расте бројот на случаи заразени со коронавирусот, одбивањето на претседателот Доналд Трамп да ја признае победата на Џо Бајден може да ги запре напорите да се донесе уште еден голем пакет на стимулации, пренесува „CNN”.

Во земјата сè уште има околу 10 милиони работни места помалку отколку пред да започне пандемијата, а неколку држави воведуваат нови ограничувања за да го запрат растот на бројот на заразени, што дополнително ќе го отежне заздравувањето на економијата.

Во исто време, Европската унија се соочува со внатрешен бунт што може да го одложи конечното одобрување на нејзиниот фонд за обновување од штетите предизвикани од пандемијата на коронавирусот во износ од 800 милијарди евра (950 милијарди долари), за кој се разговараа со месеци и требаше да започне на 1 јануари 2021 година.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно