Connect with us

Останато

Мерката МојДДВ нема да се стопира, но можно е да се овозможи опција за донирање

Објавено

на

Владата засега не планира да ги стопира мерката поврат на ДДВ кон граѓаните „МојДДВ моја заштеда” и наградната игра поврзана со оваа мерка, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес конференција.

„Кај нас доаѓаат предлози од граѓаните и овие пари да бидат пренасочени кон решавање на здравствената криза. Ние ги разгледуваме овие предлози, но засега не планираме да ја стопираме мерката „МојДДВ”” – изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Таа додаде дека се размислува доколку граѓаните сакаат да ги донираат парите да им се овозможи опција во рамки на апликацијата.

„Предмет на размислување е во апликацијата да се воведе опција за донирање. така што секој кој сака да ги донира парите ќе може и тоа да го направи. Но, засега тоа е само предмет на размислување, ние ги следиме предлозите на граѓаните, па ќе одлучиме понатаму” – рече министерката Ангеловска.

Останато

Германски “ЛИДЛ” го отвора првиот супермаркет во Охрид, Македонија?

Објавено

на

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свој супермаркет и во Македонија, објави InStore. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Објавено

на

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“,  воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (одржан онлајн од 2 до 7 јуни). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Црна Гора има 62 милионери

Објавено

на

Во Црна Гора има 62-ца милионери, односно граѓани кои имаат над еден милион евра на своите банкарски сметки, објави Централната банка на Црна Гора (ЦБГ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно