Connect with us

Осигурување

Менаџерски промени на раководните позиции во Кроациа осигурување Живот и Неживот

Објавено

на

Менаџерски промени на раководните позиции на брендот Кроациа осигурување Живот и Неживот, моментален лидер на пазарот на осигурување во земјава.

Директорските места во двете компании ги превземаа две дами – Вилма Учета Дузлевска после 8 успешни години како Генерален извршен директор на Кроациа осигурување Живот преминува на функција Генерален извршен директор на Кроациа осигурување Неживот АД Скопје.

Г-ѓа Учета Дузлевска исто така, е член и на Одборот за осигурување на Стопанската комора на Македонија и член на Стручниот бизнис свет на Американ Колеџ Скопје.

Раководната позиција на Кроациа осигурување Живот пак ја превзема Маја Станковска Костова која е повеќе од 10 години дел од семејството на Кроациа и доаѓа од позиција Директор на поддршка на продажба и едукација.

Осигурување

Сава пензиско друштво а.д. Скопје со известување за членовите со бенефициран стаж

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги известува своите членови дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 1 јули 2020 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Сава пензиски фонд и Сава пензија плус примија приливи од камати и дивиденди од компании како Henkel AG & CO KGAA; Basf SE; Rоyal Dutch Shell PLC-A SHS, Bank Of America Corp.

Објавено

на

Средствата на членови на пензиските фондови се инвестираат во најразлични финансиски инструменти дома и во странство се со цел остварување на соодветен принос кој се распределува пропорционално на сметките на сите членови. Токму затоа од Сава пензиско друштво редовно ги информираат членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус за пристигнатите приливи по основ на дивиденди и камати. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Домаќинско осигурување од Халк Осигурување со 25% попуст за вработени во здравствени установи и МВР

Објавено

на

Во услови на пандемија со вирусот Ковид-19, кога целиот товар паѓа врз здравствените работници, но и на вработените во МВР, Халк Осигурување одлучи да им се заблагодари на хероите од првите борбени редови, кои се грижат за нашето здравје и безбедност, обезбедувајќи 25 проценти попуст на полиса за домаќинско осигурување за сите вработени во здравствени установи и МВР! (more…)

Продолжи со читање

Популарно