Connect with us

Останато

Менаџерка од Дојче банк тврди дека не е веројатен нов колапс од типот на Леман брадерс

Објавено

на

Од 2005 до 2007, на врвот на „балонот“ на пазарот на недвижности, хипотекарни кредити им биле одобрувани на луѓе кои сакале да купат недвижнина, а не можеле тоа да си го дозволат. Потоа тие кредити се „пакувале“ во хартии од вредност и им се препродавале на инвеститорите. Леман брадрс во тој период купиле неколку брокерски куќи кои се бавеле со тоа и остварувале рекордни добивки.

Но, кон средината на 2007 почнале да се трупаат загубите. Фаталниот удар се случи девет месеци подоцна, на 16 март 2008, кога на раб на стечај се најде инвестициската банка Беар Стернс поради големите шпекулации со вредносни хартии базирани на второстепени хипотекарни кредити.

Светскиот шок предизвикан од колапсот на американската инвестициска банка Леман брадерс пред 10 години, најверојатно нема да се повтори, изјави извршна директор на Дојче банк, која исто така, ја отфрли можноста за укинување на дерегулацијата на финансискиот пазар.

– Оттогаш, се поставени многу заштитни механизми за да се спречат ефектите од „зараза“ и многу е направено за зајакнување на финансискиот систем, Силвие Матерат, членка на одборот на најголемата банка во Германија.

Матерат, исто така, верува дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата Републиканска партија ќе се соочат со силно противење на секакви чекори за големо намалување на регулативата за финансискиот пазар воведени во пресрет на финансиската криза.

– Не верувам дека ќе има бран на дерегулација, во основа поради тоа што е доста тешко да се имплементира, а тоа ќе биде тешко да се смени, рече Матерат, кој е главен регулаторен офицер во Дојче банк.

– Главните актери не го сакаат тоа, и не само заради дополнителната сигурност што ја носи, туку и од многу себична причина: Беше многу болно да се помине низ сето тоа и би било исто толку болно да се повтори.

– Наместо тоа, очекувам олеснување во смисла на имплементација, но не и дерегулација, рече таа

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange