Connect with us

Странски банки

Менаџерите на УниКредит банка се откажаа од нивниот бонус за 2020 година

Објавено

на

Најголемата италијанска банка според вредноста на средствата, „UniCredit”, во вторникот објави дека нејзините водечки директори и високи менаџери решиле да се откажат целосно од нивните бонуси за 2020 година и дека банката истиот тој износ ќе го донира во Фондацијата „UniCredit” за поддршка на социјални иницијативи и пред се за помош на луѓето на кои тие средства им се неопходни.

„Одборот за наградување на „UniCredit” ја поздравува и ја респектира одговорната одлука на менаџментот на Банката, имајќи го предвид неизвесното влијание на тековната пандемија од COVID-19 врз европската економија и нејзиниот развој во текот на следните месеци“, се вели во соопштението на банката.

Одлуката на менаџментот на „UniCredit” е фантастичен пример за општествена одговорност на влијателните италијански банкари. Овој подвиг заслужува почит, па упатуваме повик и до македонските водечки банкари да го следат примерот на своите колеги од Италија и да се откажат од своите годишни бонуси и да ги донираат на оние лица кои во моментов останаа без работа поради корона кризата.

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно