Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

Меди плус кредит за естетска хирургија од Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска Банка а.д. Битола спроведува промотивна кампања за Меди плус кредитот за естетска хирургија.

Во промотивниот период сите физички лица кои ќе аплицираат за Меди плус кредитот ќе добијат 0% камата.

Меди плус кредитот е наменет за медицински услуги и услуги од естетска хирургија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Вратете ја насмевката на Вашето лице!

Дополнителни информации за кредитот можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката или на следниот линк.

Кредити

Почувствувајте го шмекот на летото со туристичкиот кредит на Халкбанк

Објавено

на

Почувствувајте го летото со сите Ваши сетила! Шмекот на Соренто, духот на Задар, песочните хоризонти на Крф или азурното море на Мајорка? (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Студентски кредит од Халк Банка со 0% камата за студирање на Меѓународниот Балкански универзитет

Објавено

на

Меѓународен Балкански универзитет и Халкбанк АД Скопје со цел да помогнат во едуцирање на младите создадоа заеднички производ – Студентски кредит со 0% камата и со промотивна школарина од 1000 евра. Целта на оваа кампања насловена „Инвестирај во знаењето“ е на студентите и нивните семејства да им се понуди уникатна можност да можат да одберат квалитетно и меѓународно образование, а со домашни услови на финансирање. Во оваа кампања, Меѓународен Балкански универзитет ќе ја покрие каматата за студентскиот кредит, а студентот, односно родителите ќе ја плаќаат школарината кон универзитетот на 12 еднакви месечни рати без камата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ОХРИДСКА БАНКА ВОВЕДУВА ПРОМОТИВНИ УСЛОВИ НА КРЕДИТИТЕ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на кредитите наменети за физички лица. Станува збор за промоции со кои се олеснува аплицирањето и отплатата на кредитите, на начин што банката ги исклучува административните трошоци, односно нотарските трошоци зависно од типот на кредитот.

Па така, ненаменскиот кредит „Лесен кеш кредит“ е достапен без административен трошок за апликации за кредити со вклучено кредитно животно осигурување (КЖО) до 14 септември, 2019г. Кредитот има гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот. На пример, за кредитот со модел 2+6 со вклучено КЖО во износ од 1.200.000 денари со рок на враќање од 8 години, каматната стапка за првите две години месеци изнесува 5,75%, односно ратата за првите две години е 16.257 денари, додека од дваесет и петиот до деведесет и петиот месец, ратата изнесува 17.090 денари, а каматната стапка е 7,55%.

Станбениот кредит „5+“ е достапен со одлични услови, без административен трошок за апликации до 14 септември, 2019 година и фиксна каматна стапка за првите 5 години. За станбен кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 20 години, со вклучено кредитно животно осигурување, за првата година каматната стапка изнесува 3,10%, а ратата би била 174 евра, за втората и третата година каматната стапка изнесува 3,30% а ратата 178 евра, а за четвртата и петата година каматната стапка изнесува 4,55%, а ратата 210 евра. По петата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор.

Понудата за кеш хипотекарниот кредит на Охридска банка дава можност за рефинансирање. Со овој кредит на клиентите им се дава можност да ги спакуваат сите свои обврски кои ги имаат по разни основи во други банки и да ги отплаќаат со една месечна рата која е особено поволна. Кеш хипотекарниот кредит нуди фиксна каматна стапка за првите 3 години, а дополнителната атрактивност на овој производ е тоа што во промотивниот период до 14 септември 2019 год., кредитот е достапен без нотарски и без административни трошоци.

Промотивните услови на кредитите за физички лица на Охридска банка Сосиете Женерал им овозможуваат дополнителни поволности на клиентите во остварување на своите инвестициски планови за нов дом, реновирање, патување и слични желби преку атрактивната понуда активна до 14 септември, 2019 година. Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија посветена кон исклучително корисничко искуство и задоволство на клиентите, постојано создава квалитетни финансиски услуги, па во оваа насока ја создаде и промотивната понуда.

Повеќе информации за актуелните понуди на Банката можат да се најдат на веб страницата www.ohridskabanka.mk, Контакт центар 02 15 050, или во мрежата експозитури на Банката низ државата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange