Connect with us

Домашни банки

МБА ја поддржа Одлуката на Народна банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците

Објавено

на

На 03.03.2021 се одржа седница на Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), на која беше разгледана Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците.

Покрај претставниците на сите членки на МБА, на седницата беа поканети и присуствуваа и гувернерката, д-р Анита Ангеловска Бежоска, вицегувернерите на Народната банка и и претставници на надлежните дирекции на Народната банка.

На седницата, низ широка и сеопфатна дискусија, беа разгледани актуелните состојби во банкарскиот систем, влијанието и предизвиците од КОВИД кризата,  како и аргументацијата за донесувањето на Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците.  Гувернерката Бежоска ги презентираше согледувањата и причините за носење на споменатата Одлука од страна на Советот на Народната банка.

Мерката на  Народната банка беше оценета како превентивна, во функција на натамошно јакнење на потенцијалот на банките и штедилниците за  справување со последиците од Ковид кризата, во услови на сеуште изразена неизвесност и потенцијални ризици.

Едногласно беше констатирано дека како резултат на здравите фундаменти на банкарскиот систем, политиките и мерките преземени од страна на Народната банка, како и прудентното управување и работење од страна на банките и штедилниците, банкарскиот сектор во досегашниот период успешно одговори на сите предизвици од КОВИД кризата и обезбеди континуитет на сигурно и стабилно работење, како и испорака на  значајна кредитна поддршка спрема реалниот сектор и населението. Довербата на граѓаните и компаниите во банките и штедилниците останува на високо ниво, што се гледа и од растот на вкупните депозити, кои во јануари 2021, споредено со истиот месец минатата година, се зголемени за 6,3%.

Договорено е во наредниот период дополнително да  се интензивира споделувањето податоци и информации од банките и штедилниците со Народната банка.  Со тоа ќе се олесни навременото оценување на потенцијалните ефекти од КОВИД кризата што ќе овозможи и оцена дали има можност за предвремено укинување на временото ограничување за распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците, притоа водејќи се од целта за постојано одржување на финансиската стабилност, што е во интерес на сите субјекти во економијата, вклучително и акционерите во банките и штедилниците. На седницата уште еднаш се реафирмираше традиционално добрата комуникација и соработка помеѓу МБА и Народната банка, имајќи ја предвид заедничката цел за стабилен и сигурен банкарски сектор со потенцијал за справување со сите предизвици, како и потенцијал за силна кредитна поддршка на компаниите и населението во Република С. Македонија.

Истовремено, Македонската банкарска асоцијација апелира до политичките структури и сите други субјекти во земјава да се воздржат од какви било неиздржани и непроверени коментари, оценки и квалификации за состојбите во банкарскиот сектор, а особено да избегнуваат политички маркетинг на сметка на банките и штедилниците и интересите на сите нивни клиенти – граѓани и компании, како и на нивните акционери.  На тој начин ќе дадат свој конструктивен придонес за одржување и унапредување на тоа што е јавно добро во секоја земја: довербата на граѓаните, компаниите и акционерите во банкарскиот систем и неговата стабилност и сигурност.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно