Connect with us

Домашни банки

МБА: „Standard & Poor’s” ги потврди нашите оценки дека банкарскиот систем е стабилен

Објавено

на

Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s  се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен. Ваквите констатации на оваа меѓународно реномирана агенција недвосмислено ги потврдуваат веќе изнесените оценки за банкарскиот систем  од Македонската Банкарска Асоцијација, Народната банка и други релевантни институции во нашата земја, како резултат на сите политики и реформи направени во последните две и пол децении.

Стабилниот банкарски сектор е клучен за финансиската стабилност и е еден од носечките столбови на македонската економија на којшто со целосна доверба можe да се потпре секој граѓанин и секоја компанија. Во таа насока, членките на Македонската Банкарска Асоцијација ја продолжуваат традиционално добрата соработка со Народната банка и сите други релевантни институции, за зачувување и унапредување на стабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем, стабилниот курс на денарот, задоволување на потребите на  стопанството и населението за банкарски услуги и справување со предизвиците предизвикани од корона-кризата и во периодот кој следи.

Воедно, Македонската банкарска асоцијација ја поздравува одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. Ова големо постигнување за нашата земја, коешто се темели и на оценките на ЕЦБ за работењето на Народната банка и добрите перформанси на банкарскиот сектор, претставува конкретен чекор со многу позитивни ефекти во натамошното интегрирање на нашиот монетарен и финансиски систем во тековите на Европскиот монетарен систем како и големо признание од страна на ЕЦБ  за успешното спроведување на политиките во монетарната и финансиската сфера во нашата земја.

Македонската Банкарска Асоцијација на сите граѓани им го честита Денот на независноста 8-ми Септември со голема верба и надеж за натамошен просперитет на нашиот пат кон полноправно членство во Европското семејство.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно