Connect with us

Домашни банки

МБА ги повикува учениците од основните и средните училишта да се пријават за Европскиот квиз на парите, најдоцна до 15 февруари

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ги повикува основните и средните училишта во Република Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на парите, кој е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години, а е поддржан од Министерството за образование и наука и Министерството за финансии.

Европскиот квиз на парите се одвива во две фази. Првата фаза се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале. Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржи виртуелно на 24 март 2021 година, на македонски и на албански јазик.

Од Македонската банкарска асоцијација во соопштение наведуваат дека тим од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи виртуелно, на 20 април 2021 година, од 11:00 до 13:00 часот, на англиски јазик. Оттука, додаваат, националните победници треба да имаат и солидни познавања од англиски јазик.

Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата за освоено прво, второ и трето место.

Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.

Сите заинтересирани основни и средни училишта може да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Македонија, најдоцна до 15 февруари 2021 година, на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk

Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови, учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето и заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно