Connect with us

Домашни банки

МБА: Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата за кредитните производи за граѓаните кои имаат реална потреба за тоа

Објавено

на

Заклучно со 30.9.2020 година завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата која деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинававо согласност со регулативата на НБРСМ.
Во меѓувреме, дел од клиентите одлучија да се вратат во редовна отплата на кредитите додека сите други согласно Договорите за кредитните производи почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските.

Сепак, согласно со регулативата на Народната банка, имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, банките во Република Северна Македонија ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи,  само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата.

Детални информации, во рамки на своја постапка и методологија, секоја деловна банка ќе објави на својата интернет-страница во најкус можен рок околу процесот и постапката преку која ќе се овозможи вториот период на одложена отплата. Од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

Граѓаните се охрабруваат да пристапат до својата банка преку нејзината интернет-страница, или преку други канали за комуникација определени од банката, и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата. Притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука.

Со оваа активност, граѓаните ќе бидат во можност да користат до 6 месеци продолжување на рокот на отплата на своите кредитни обврски, за сите или за дел од кредитните производи кои ги користат, во зависност од пристапот и понудата на секоја банка.
Секако, граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно