Connect with us

Домашни банки

МБА: Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.

Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата, преку банкоматите и во трговската мрежа од вторник, 2 јуни 2020 година.

Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, од понеделник 1 јуни 2020 година ќе располагаат со средствата преку банкоматите и во трговската мрежа.

За корисниците кои не користат картички, како што е соопштено и овојпат исплатата ќе се спроведе во групи, во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

– 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Од МБА ги замолуваат клиентите на банките коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и апелираат при нивната посета на филијалите и експозитурите да пополнат барање за изработка на дебитна картичка со што ќе имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време и потребата од физичкото присуство ќе биде помала.

Воедно, од Македонската банкарска асоцијација потсетуваат дека при посета на филијалите и експозитурите треба да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето односно клиентите на банките треба задолжително да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките.

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје за исплата на парични права од социјална заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денеска изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата веќе се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита за јуни

Објавено

на

Од денеска, 3 јули 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје започна да врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец јуни на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно