Connect with us

Домашни банки

МБА: Банките започнаа со објавите на кредитните олеснувања за справување со КОВИД-19

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација истакнува дека во координација со Народната банка речиси сите банки во земјава, вклучително и најголемите банки се усогласиле со предложените измени за промена на договорите со физичките лица за олеснување на кредитните обврски во времетраење од шест месеци, со цел полесно да се преброди економската криза предизвикана од корона вирусот.

„Во согласност со измените и дополнувањата на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, коишто ги донесе Советот на Народната банка и со донесената  Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, којашто влезе во сила на 27.3.2020 година, нашите членки, веќе започнаа со јавни објави за промени на договорните услови кои ќе се понудат на корисниците на кредитни производи во новонастанатите околности предизвикани од ширењето на КОВИД 19 вирусот. За таа цел, на 26.03.2020 на иницијатива на Народната банка, беше организирана и  телеконференција со банките и штедилниците, во којашто  учествуваше и гувернерката на Народната банка, г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска. На телеконференцијата се дискутираше за можностите и начините за најдобриот можен пристап на банките и штедилниците за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и економијата во новосоздадените кризни околности и во рамки на донесената регулатива од страна на Владата и од страна на Народната банка. Притоа, секоја банка и штедилница ги презентираше своите првични видувања за соодветните пристапи со коишто може да се олесни финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници“, велат од МБA.

Со тоа членките на Македонската Банкарска Асоцијација ја потврдуваат својата општествена одговорност да се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите, кои веќе се соочуваат или во натамошниот период би можело да се соочат со големи проблеми заради корона-кризата.

„Би сакале да нагласиме дека сите овие мерки, кои вклучуваат одложување на отплатите на кредитите, се наменети за оние физички лица и компании кои навистина се во неможност во овој период да продолжат со измирување на своите обврски спрема банките и штедилниците и други доверители заради престанок со работа на компаниите, губење на работни места, намалување на плати итн. Се разбира сите оние кои се во можност да продолжат да отплаќаат, да го сторат тоа. На тој начин ќе покажат солидарност со сите оние на кои навистина им е потребна помош во текот на корона-кризата“, се наведува во соопштението на МБА.

Домашни банки

Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено

на

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Објавено

на

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Објавено

на

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно