Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Електронско банкарство

мБанкаКо, нова мобилна апликација за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Во организација на Комерцијална банка, ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“,  наменет за правни лица, во среда, 5 декември 2018 година, со почеток од 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје.

За прв пат ќе биде претставена мобилната апликација за правни лица, мБанкаКо, бесплатна апликација за мобилни телефони и за таблети која овозможува сигурен, брз и едноставен 24-часовен пристап до дел од најкористените услуги на Интернет банка за правни лица.

Покрај оваа новина, на настанот ќе бидат претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, како и мобилната апликација KomPay.

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентит со вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци. Заради поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и месечен промет дефинирани од Банката.
Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата, продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации.

Рубриката за мобилната апликација мБанкаКо ќе биде објавена на веб страницата на Банката, каде ќе можете подетално да се запознаете со можностите што таа ги нуди.

Електронско банкарство

Зошто е добро да користите електронско и мобилно банкарство на Халкбанк?

Објавено

на

Единствена е услугата на Халкбанк АД Скопје во Македонија, наречена “Smart кеш” преку која клиентите дури и во оние ситуации кога не ја носат картичката со себе, имаат можност да подигнат готовина од банкоматите на оваа банка. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка целосно во функција

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека сервисите Интернет банка и мБанка на Банката се целосно функционални. Од понеделник (29.07.2019г.), шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката ќе работат со редовно работно време и ќе ги извршуваат сите активности.

(more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

„Бизнис раст со е-трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

Објавено

на

На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а веќе од оваа недела се пуштени во продажба 50 карти по специјална „Super Early Bird“ цена од 59 евра, кои ќе се продаваат до 30.07. или до потрошување на залихите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange