Connect with us

Сметки

Од среда ќе започне исплатата на мајските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на својата последна 56-та седница одржана во текот на вчерашниот ден ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за мај 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2020 година.

Како заклучок во врска со исплатата на мајските пензии, Владата им препорача на деловните банки од среда 27.05.2020 година да обезбедат, пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Домашни банки

Отсега отворање сметка во Халкбанк на било кој шалтер на Македонска пошта АД

Објавено

на

Сите корисници на поштенски услуги отсега, во било која од 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД, со 470 шалтерски места, ќе можат да отворат сметка во Халкбанк АД Скопје со што стануваат клиенти на банката и со тоа добиваат можност за безготовинското плаќање на сметки и други режиски трошоци преку нивната сметка во банката со пониски провизии, но и пристап до други банкарски услуги што ги нуди Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ: Промена на броевите на сметки во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

По преземањето на Охридска банка АД Скопје, од реномираната интернационална групација Штаермеркише Шпаркасе, со цел да се обезбеди непречено присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во изминатиот период се направија бројни подготовки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно