Connect with us

Business Woman

Маја Наумовска Савеска од Халкбанк ќе ја претставува нашата земја во стручното жири на КАКТУС 2021

Објавено

на

Помеѓу 15-те избрани маркетинг и креативни професионалци кои го сочинуваат регионалното стручно-жири на овогодинешното издание на КАКТУС фестивалот, што ќе одлучи за најдобрите проекти, кампањи, компании, институции и агенции од минатата година во соседна Србија, се наоѓа и еден претставник од нашата земја.

Станува збор за Маја Наумовска Савеска, Head Of Corporate & Marketing Communications во Халкбанк АД Скопје, која заедно со останатите видни професионалци од целиот регион ќе одлучува за победниците и наградите кои ќе се доделат во вкупно 24 категории.

Жири комисијата на Кактус е составена од вкупно 30 членови, од кои 15 доаѓаат од Србија и 15 доаѓаат од останатите земји од регионот. За претседател на жирито од регионот е назначен Дарко Боснар, креативен директор на агенцијата Имаго Огилви од Хрватска, додека пак за претседател на жирито од Србија е назначен Вељко Голубовиќ- Извршен креативен директор на Њу Момент Њу Идеас компани.

Регионалното жири, во кое членува и претставничката од нашата земја го сочинуваат:

Ана Лозица, Creative Director & First Lady (Хрватска); Ана Марија Малиќ, Brand Communication Director, Degordian (Хрватска); Андреј Крајнер, Communications Director, NLB Group (Словенија); Барбара Рандиќ, Head Of Marketing Communication & PR Adriatic, Renault Nissan (Словенија); Блаж Вук, Creative Director, Pristop (Словенија); Дарко Боснар, Creative Director, Imago Ogilvy (Хрватска); Ирена Шарич Домбај, Corporate Communications Director, L’oreal (Хрватска); Лука Бајс, Executive Creative Director, Shift Agency (Словенија); Маја Наумовска Савеска, Head Of Corporate & Marketing Communications, Halkbank Skopje (Македонија); Марија Јакељиќ, Marketing Director, Croatia Osiguranje (Хрватска); Матјаж Герм, Creative Director, Agencija 101 (Словенија); Наташа Митровиќ, CEO & Co-Founder, Konteent Media (Босна и Херцеговина); Тончи Клариќ, Co-Founder & Creative Director, Spellcaster (Хрватска); Викторија Радојевиќ Мавриќ, Executive Director Of Marketing And Development, Mercator Group (Словенија) и Звонимир Секи, Chief Marketing Officer, Franck (Хрватска).

Жири-комисијата со претставници од Србија е составена од:

Александар Ружесковиќ, Marketing Director, Forma Ideale; Ѓорѓе Јанковиќ, Managing Partner & Creative Director, Friday; Горан Рушкуц, Creative Director, Communis DDB; Игор Милјковиќ, Head Of Production, dme.video; Иван Вестервеен, Creative Director, Saatchi&Saatchi Belgrade; Љубица Вукчевиќ, Head Of Data Analytics & Insight, Direct Media United Solutions; Марко Свирчевиќ, Art Director, Luna\TBWA Belgrade; Mилена Џориќ Гудориќ, Head of Marketing, Mastercard; Наташа Шарчевиќ, Marketing & Innovation Director, Atlantic Štark; Нина Елезовиќ, Public Affairs & Communication Manager Serbia and Montenegro BU, Coca-Cola HBC; Танја Васојевиќ, Communications Director, Delta Holding; Вељко Голубовиќ, Executive Creative Director, New Moment New Ideas Company; Владимир Ќосиќ, Creative Director, Represent Communications; Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO и Здравко Кеврешан, Associate Creative Director, Drive Agency.

Седмото издание на фестивалот за интегрирани комуникации КАКТУС 2021, ќе биде оддржано на 2-ри и 3-ти ноември во Белград, а повеќе информации може да се погледнат на следниов ЛИНК.

Business Woman

Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата „Business Elite Awards” бренд на „Global Top Brands Awards”

Објавено

на

Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата „Business Elite Awards” оваа недела во Истанбул, Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Ангеловска дел од висок политички форум за одржлив развој на ООН

Објавено

на

Во понеделникот, во рамки на високиот политичкиот форум за одржлив развој, на тема „Одржливо и еластично закрепнување од пандемијата со Ковид-19 што ги промовира економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој: градење на инклузивен и ефективен пат за постигнување на 2030 Агендата во контекст на деценијата на дејствување и испорака на одржливиот развој”, се одржа интерактивна панел дискусија на која учествуваше и претседателката на АЕТМ и поранешната министерка за финансии – Д-р. Нина Ангеловска. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Јована Трајчева, пијанистка: „За 10 години ќе ме слушнат сите“

Објавено

на

Од домашни мини-концерти, па сè до концертните хали во Рим, Париз, Милано и Монте Карло, Јована Трајчева e магистриран пијанист, концертен изведувач и наставник по пијано и е новата хероина од видеосеријалот „Иднината е светла“ на Халкбанк. (more…)

Продолжи со читање



Популарно