Connect with us

Домашни банки

Матеја Тревен доби согласност од Народната банка да биде именувана за нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за именувањето на г-ѓа Матеја Тревен за нов независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Собранието на акционери на НЛБ Банка донесе Одлука за именување на г-ѓа Матеја Тревен за независен член на Надзорниот одбор уште на својата седница одржана на ден 16.04.2020 година, но за да стапи на сила Одлуката на акционерите се чекаше добивање на согласност од гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија.

Народната Банка на Република Северна Македонија издаде Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Матеја Тревен да биде именувана за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје почнувајќи од 20.10.2020 до 28.05.2024 година.

Мандатот на новиот член на Надзорниот одбор ќе трае 4 години, заклучно до 28.05.2024 година.

Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во моментов го сочинуваат:

  • Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
  • Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
  • Хедвика Усеник – Член на Надзорен одбор
  • Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
  • Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор
  • Матеја Тревен – Независен член на Надзорен одбор

Домашни банки

Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено

на

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Објавено

на

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Објавено

на

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно