Connect with us

Платежни картички

Мастеркард ќе ја купи технолошката компанија Финисити за 825 милиони долари

Објавено

на

Компанијата „Мастеркард” денеска соопшти дека се договорила да ја купи финансиско-технолошката компанија „Финисити” за 825 милиони долари, која обезбедува поддршка на банките во размена на податоци за клиентите со други финансиски компании.

Постојните акционери на „Финисити” можат да остварат дополнителна заработка до 160 милиони американски долари, доколку се исполнат целните деловни резултати соопшти „Мастеркард”.

„Финансити” ќе му помогнат на „Мастеркард” да ги зајакне своите отворени банкарски услуги, кои им овозможуваат на клиентите да утврдат како и каде некоја трета страна, како финтек фирма или банка, може да има пристап до налог за плаќање во нивно име или да им обезбеди услуга за управување со пари.

Договорот за преземање се очекува да биде склучен до крајот на годинава.

Платежни картички

Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Објавено

на

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Компанијата Visa носи иновативни искуства за плаќање на Светското првенство во Катар 2022

Објавено

на

Додека светот го чека почетокот на Светското првенство во Катар 2022, компанијата Visa, Официјалниот партнер за технологија на плаќање на ФИФА, подготви мрежа за плаќања што ќе овозможи бесконтактни купувања низ сите официјални места, вклучително и осумте стадиони како и ФИФА Фан Фестивалот. Со повеќе од еден милион фанови кои се очекува да патуваат во Катар на турнирот, Visa инсталираше 5.300 бесконтактни терминали за плаќање на официјалните места на ФИФА, што го прави Светското првенство во Катар турнирот на ФИФА со најмногу исплати досега. Visa ќе проба и нови иновации за плаќање за да им овозможи на фановите лесен пристап до едноставни и безбедни дигитални начини на плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ново од Комерцијална банка – лимити за онлајн плаќање за уште поголема заштита на вашата картичка

Објавено

на

За максимално задоволство и сигурност при плаќање онлајн со картичка, Комерцијална банка им овозможи на своите клиенти лимити за онлајн трансакции. Со оваа корисна и практична услуга клиентите добиваат уште поголема безбедност и заштита од злоупотреба на нивната картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно