Connect with us

Анализи

МАСТЕРКАРД: Од 2020 година цела Европа ќе плаќа бесконтактно

Објавено

на

Продолжува силниот продор на бесконтактната технологија, која претставува најшироко прифатен облик на електронско плаќање во историјата на Европа. Сега скоро една од две трансакции во европските продавници е бесконтактна. Ново истражување на компанијата Мастеркард покажува дека бесконтактното плаќање забележало значителен раст и во Хрватска. Во првите осум месеци од оваа година извршени се над 90% повеќе бесконтактни трансакции, отколку во истиот период минатата година.

На повеќе од 15 европски клучни пазари во Данска, Грција, Хрватска, Унгарија, Холандија, Полска и Русија бесконтактните трансакции сочинуваат повеќе од 50% од сите трансакции спроведени во продавниците. На пример, во Хрватска 54% од трансакциите во август годинава биле бесконтактни. Полска е предводник на овој тренд со над 80 бесконтактни трансакции во 2018 година. Безготовинската економија ја прифаќаат и бројни други европски земји. Луѓето го напуштаат готовинскиот начин на плаќање, па ја усвојуваат бесконтактната технологија.

Овие резултати јасно покажуваат дека Европа е предводник во бесконтактната револуција. Покрај едноставната употреба и практичност, корисниците бараат и сигурност и заштита кога станува збор за технологијата на плаќање. Заедно со зголемувањето на користењето на бесконтактните начини на плаќање доаѓа до раст и на довербата, па така се повеќе корисници сметаат дека бесконтактната технологија е подеднакво сигурна или посигурна од класичните начини на плаќање.

Бројот на корисници кои се служат со бесконтактен начин на плаќање во јавниот превоз постојано расте. Мастеркард го поддржува овој тренд и овозможува прифаќање на бесконтактната технологија како стандард на континентот. Така, на сите продажни места во Европа до 2020 година ќе биде овозможено бесконтактно плаќање.

Анализи

АНАЛИЗА: Штедењето стабилно – во банките на книшки има вкупно 5,8 милијарди евра

Објавено

на

Со просечни стапки на раст на депозитите од осум отсто годишно, штедењето во земјава достигна 55% од Бруто домашниот производ. Според последните податоци, во банките и штедилниците вкупната депозитна база изнесува 5,8 милијарди евра. Она што охрабрува и ја потврдува довербата во домашната валута е порастот на денарското штедење, смета гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: За станбени и потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра

Објавено

на

Историските стапки на раст на кредитирањето од 39% нема да се повторат, но догодина и следните години кредитирањето ќе биде стабилно,  со просечни стапки на раст од 8,4%. Во моментов вкупната кредитна изложеност на банките и на штедилниците изнесува 5 милијарди евра додека вредноста на вкупните штедни влогови изнесува 5,8 милијарди евра. На крајот од септември салдото на сомнителни и спорни побарувања е 251 милион евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Еуролинк осигурување додели 30 стипендии за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во вкупна вредност од 1.600.000 денари

Објавено

на

Вчера вечерта се одржа 5-тото јубилејно доделување на Еуролинк стипендиите. Беа доделени 30 стипендии за најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за учебната 2018/2019 година во вкупна вредност од 1 600 000 денари. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange