Connect with us

Платежни картички

Мастеркард го отвора првиот европски центар за компјутерска безбедност

Објавено

на

„MasterCard” го отвора својот прв Европски центар за компјутерска безбедност, соработувајќи со регулаторите и креаторите на политики, за подобрување на размената на разузнавачки информации и борбата против заканите за платниот екосистем во регионот.

Лоциран во Ватерло, Белгија, во седиштето на „MasterCard” во Европа, центарот е првиот од ваков вид изграден надвор од Северна Америка.

Овој инструмент ќе служи како единствен центар за компјутерска безбедност за регионот, во соработка со разни национални центри за сајбер разузнавање, индустриски групи, агенции за спроведување на законот и централните банки низ цела Европа, вклучувајќи ги ЕЦБ, ЕЦЦФИ, Европол, ФС-ИСАК, Интерпол, НББ и британскиот НЦА и НЦСЦ.

„Финансиските услуги секогаш ќе бидат на врвот на целниот список на напаѓачите, поради огромниот сет на скапи податоци за клиентите и ингеренциите кои се под наша одговорност“, вели Хавиер Перез, претседател на „Mastercard Europe”.

„Нашиот европски центар за компјутерска безбедност ја зајакнува соработката меѓу клучните организации, така што деловните луѓе и поединците ќе се чувствуваат побезбедно кога споделуваат информации преку Интернет“, додаде тој.

„Mastercard” ќе го стартува привремениот центар оваа пролет.

Платежни картички

ВИКЕНД БЕЗ ПРОВИЗИЈА со кредитните картички на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Секој последен викенд во месецот со кредитните картички на Стопанска банка а.д. Битола подигнувајте средства од банкоматите на Банката БЕЗ ПРОВИЗИЈА! (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Двоен кешбек за двојно повеќе среќа за корисниците на НЛБ haPPy картичките!

Објавено

на

Нов викенд и нова специјална понуда за сите корисници на НЛБ haPPy картичките!

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Нови и единствени на пазарот VISA припејд картички од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје го збогати своето портфолио на платежни картички од брендот VISA со воведување на нови припејд картички за физички и правни лица.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно