Connect with us

Компании

Маск: „Тесла” и „Спејс-Икс” под силен инфлациски притисок

Објавено

на

Извршниот директор на „Tesla”, Илон Маск, соопшти дека американскиот производител на електрични автомобили и неговата ракетна компанија „Space-X” се соочуваат со значителни инфлациски притисоци врз суровините и логистиката.

На „Twitter”, Илон Маск ја сподели загриженоста за изгледите за брза инфлација и рече дека неговите компании „не се сами во тешкотиите”, цитирајќи напис во кој се вели дека конфликтот меѓу Украина и Русија ги доведе цените на суровините на највисоките нивоа од 2008 година. Руската инвазија на Украина ги зголемува цените на металите што се користат во автомобилите, од алуминиум до паладиум и висококвалитетен никел.

Иако металите сѐ уште не се предмет на санкции од Западот, некои автоделови и добавувачи се воздржуваат од руски суровини, со што се врши голем притисок врз производителите на автомобили кои и онака веќе се погодени од недостигот на проводници и од повисоките цени на енергијата.

Компании

Работна средба на Македонската берза со Сојузот на стопански комори

Објавено

на

По повод одбележување на годишнината од првиот ден на тргување на Македонска берза – 28 март 1996 година, главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев и неговиот тим ќе имаат работна средба со членките на Сојузот на стопански комори, предводени од претседателот на оваа Комора, Трајан Ангелоски. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Објавено

на

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Иуте донира 12 000 евра за фамилиите засегнати од земјотресот во Турција

Објавено

на

Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот. Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот. Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани. Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините. (more…)

Продолжи со читање

Популарно