Connect with us

Компании

Маск за Tesla: Остануваме јавна компанија

Објавено

на

Елон Маск навистина сакал да ја претвори Tesla во приватна компанија, но на крајот нема да го стори тоа, станува јасно од изјавата на оваа тема по консултациите со Silver Lake, Goldman Sachs и Morgan Stanley.

Претходно Маск објави во Twitter дека има план да ја претвори Tesla од јавна во приватна компанија, што ги вознемири силно инвеститорите и набљудувачите на пазарот. Нешто повеќе, Маск беше обвинет за обид да влијае на цената на акциите на компанијата, а од неговите активности се заинтересира и Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД.

Но едно ново соопштение на официјалниот блог на Tesla ја враќа ситуацијата околу компанијата за електрични автомобили на почетната точка. „Tesla останува јавна“, уверува Маск. Всушност, повеќето аналитичари не веруваа во искреноста на газдата на Tesla, кога тој рече дека ќе ги откупи акциите и ќе ја претвори во приватна компанија.

Маск тврди дека имал консултации со големи инвестициски фондови како Silver Lake, Goldman Sachs и Morgan Stanley, а исто така разговарал на темата со акционерите, за да се разбере што според нив е најдобро за иднината на компанијата во долгорочна перспектива.

Како резултат на сите овие консултации, Маск одбива да се приватизира – Tesla ќе продолжи да биде јавна, иако повеќето акционери се согласија да останат со компанијата, дури и ако се трансформираат во приватна.

Како една од главните причини за откажување од приватизацијата на Tesla, шефот на компанијата укажа на самиот процес на трансформација, кој бил потежок, од она што самиот Маск си го замислувал петходно.

„Сите сили на Tesla сега треба да се фокусираат на производството на Model 3“, вели менаџерот.

Компании

Амазон истражува дали вработените продаваат доверливи информации

Објавено

на

Светскиот гигант за продажба на стоки преку интернет и нивна испорака, американски Амазон, истражува дали вработените во таа компанија продаваат доверливи информации на други компании, особено во Кина, објави весникот „Волстрит џурнал“

Според весникот, вработените во Амазон преку посредник продавале интерни податоци и други доверливи информации на трговци кои ги продаваат своите производи на локации на американскиот гигант.

На сајтот на Амазон можат да се купат производи директно од Амазон, но и од други трговци. Таквата практика е широко распространета во Кина, додава весникот нагласувајќи дека Амазон спроведува внатрешна истрага со месеци.

Во Амазон се вработени околу 560 илјади луѓе во целиот свет.

Продолжи со читање

Компании

Amazon со пазарна вредност од илјада милијарди долари

Објавено

на

Технолошкиот гигант Епл, со чии акции се тргува на берзата, на 2 август стана прва компанија во светот чија пазарна капитализација достигна илјада милијарди долари. Причината за таквиот успех на Епл, според „Њујорк тајмс“, е едноставна бидјеќи станува збор за компанија што произведува уреди на кои многу луѓе сакаат да потрошат големи суми пари.

Сега Амазон, чиј основач и извршен директор Џеф Безос е „тежок“ повеќе и од Бил Гејтс и Ворен Бафет, е втора американска компанија што ја надмина таа линија.

Амазон зема по 49% од секој долар потрошен во е-трговија во САД, вработува повеќе од 550.000 луѓе и годишно генерира приходи во висина од 178 милијарди долари.

Американската платформа за онлајн трговија, Амазон надмина пазарна вредност од илјада милијарди долари со што стана втората американска компанија која достигнала толкава вредност.

Продолжи со читање

Компании

ЕИБ ќе ја финансира Nokia со 500 милиони евра за развој на својата 5G технологија

Објавено

на

Европската инвестициска банка (ЕИБ) одобри 5-годишен заем од 500 милиони евра на Nokia за развој на нејзината опрема за 5G технологија. Европската комисија се стреми да поддржува некои од големите технолошки компании во нивната конкуренција против кинеските производители на 5G мобилни мрежи, пишува Financial Times. Одлуката доаѓа неколку месеци откако ЕИБ ја финансира шведската компанија Ericsson од истата причина.

„Треба да се претпостави дека нашите конкуренти се големи, бидејќи можностите пред Huawei и China Mobile се многу. Сега е моментот да се разбудиме и да преземеме активности“, смета Александар Стуб, поранешниот фински премиер, кој во моментов е заменик претседател на ЕИБ.

Инвестирањето на телекомите во новата технологија продолжува активно, откако во почетокот на месецот американскиот мобилен оператор T-Mobile ја избра Nokia за снабдувач на опрема за следната генерација безжични мобилни мрежи 5G, во зделка вредна 3,5 милијарди долари. Nokia и Ericsson ги искористија проблемите на кинеските конкуренти во САД, каде што се случуваат голем дел од првите инвестиции.

„Заемот помага како за развој на 5G, така и за освојување на нови клиенти. Поддршката на ЕИБ нè тера да мислиме дека следната генерација технологија се случува порано од очекуваното“, изјави Раџив Сури, извршниот директор на Nokia.

Nokia ќе го користи заемот за понатамошно развивање на својата визија за 5G – не само за мобилната мрежа, туку и за компјутерските и софтверските услуги кои одат со неа. Финската група очекува растот на следната генерација технологија во САД да се пренасочи и кон Јужна Кореја, Јапонија и Кина во 2019 година. Сури вели дека првично успехот на 5G ќе се почувствува во подобрите услуги за клиентите – како повисока интернет брзина, а подоцна ќе ги подобри и индустриските примени, во кои ќе се имплементира виртуелната реалност.

Технологијата веројатно ќе биде поважна за бизнисот, отколку за корисниците, поради потенцијални примени, како далечинска хирургија, автономни автомобили и подобра автоматизација во фабриките, споделува Стуб.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange