Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

МАСИТ: За ИКТ секторот да не важи даночната реформа

Објавено

на

Зголемениот персонален данок ќе удри врз ИКТ секторот. Велат овие фирми не се како било која друга индустрија во која најголем дел од работниците имаат просечни плати, а само за директорите ќе треба да се плаќа повеќе, туку целиот кадар е високоплатен и брзо напредува во кариерата. Бесни се бидејќи реформите биле донесени без нивно знаење за време на викенд и покрај тоа што сакале да ги дадат и своите забелешки.

Од МАСИТ бараат ИКТ секторот да биде иземен од реформата, во спротивно очекуваат проширување на сивата економија, пад на примањата и бавно напредување,, а во крајна линија и масовно иселување на младиот кадар. Сметаат дека нема да растат само трошоците за плати, туку и оние за обуки и доедукација на кадри кои постојано ќе заминуваат да работат во странство.

„Ќе имаат целокупен поголем збир на средства од данок по основ на плати од ИКТ индустријата, ако ги намалат, а не ако ги зголемат даноците. Во прв момент кога странскиот клиент ќе го види нашиот кадар дека го бива, му ја нуди платата што таму тој исто така му ја дава на вработениот што е во многу чести ситуации двојно повисока од таа што ја имаме кај нас во моментот. Значи самите се ставаме во ситуација да иницираме дополнително иселување од државата“ – вели Анита Никова Бундовски, извршен директор на МАСИТ.

Од МАСИТ се загрижени дека странците ќе се демотивираат да инвестираат во земјава поради поголемите давачки. По брзиот развој на секторот и големиот број на странски ИТ компании кои во изминатиов период почнаа да работат во земјава, сега велат позитивните процеси ќе запрат. Земјите од регионот како Бугарија и Романија биле многу поконкурентни од Македонија. Нуделе посебни услови, дури и пониски даноци за да привлечат ИКТ компании кои носат иновации, знаење, нови технологии.

„Странските инвеститори сигурно чувствуваат нестабилност во приказната и сигурно сметаат дека во одреден момент, доколку ваквите измени продолжат да се случуваат, ќе мораат да заминат или да се преселат што на нив им е многу лесно бидејќи немаат направено капитални инвестиции во државава“ – вели Никова Бундовски.

ИКТ секторот е најбрзорастечки во Македонија. За само една година се отвориле 600 нови компании, со што бројката во овој сектор од 1.700 пораснала на 2.300 фирми. Со новата даночна реформа на Владата која треба да профункционира за неполни два месеци ќе бидат погодени 12 илјади вработени во овој сектор. Според податоците на МАСИТ, 30% од идниот ИТ кадар оди да работи во странство пред да заврши со формалното образование.

Останато

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Објавено

на

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Запознајте го Славе Стефановиќ: До 15% поевтин живот благодарение на платформата на Cashback

Објавено

на

Како Славе Стефановиќ ја изгради својата мрежа на пријатели во Cashback и добива

дополнителни попусти кај 1800 трговци (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange