Connect with us

Останато

МАСИТ бара одложување на даночните реформи

Објавено

на

Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ застанува зад својот став во одбрана на создавање подобри услови за работа на бизнис-заедницата, а посебно ИКТ-секторот, и во таа насока повторно барање за одлагање на даночните реформи.

„Стручните мислења на ниво на МАСИТ се неподелени по основ на воведувањето на прогресивниот данок – воедно МАСИТ посочува некои основни недостатоци на даночната реформа која се предлага и кои ќе доведат до сериозни проблеми при функционирањето и унапредувањето на ИКТ-секторот во Република Македонија: предложената даночна политика нема да оди во линија на подобрување на социјалната еднаквост, туку ќе оди во насока на целосно намалување на продуктивноста, вработливоста и развојот на квалификации. Стручните лица од МАСИТ сметаат дека токму со оваа даночна реформа се врши пенализација на деловите од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а се наградуваат оние кои не се трудат и со тоа директно се создава намалување на продуктивноста“, сметаат од таму.

Според МАСИТ, со предложените мерки се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри – зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации.

Наместо фискален ефект, додаваат од таму, ќе се добие ефектот на даночна непослушност и ќе биде главен двигател на сивата економија. Конкретно, МАСИТ смета дека ќе следи период на зголемување на даночното затајување – нискиот степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат ќе донесе до зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија. Директно поврзано, по овој основ на дополнителните средства кои ќе се инјектираат во буџетот, јазот меѓу богатите и сиромашните нема да се нивелира туку ќе се продлабочи.

„МАСИТ смета дека првенствено и во насока на соодветна и ефективна даночна реализација треба да се подобри начинот на собирањето на даноците, со цел целосно искоренување на сивата економија, или барем нејзино сведување на минимум. Со таа контрола на примањата по основ даноци ќе се затвори прашањето за постоењето на сиромаштијата во голем степен. Конкретно, со истата мерка за собирање на данокот од сите даночни обврзници, од кои нема даночна реализација, ќе се постави нормален систем во државата и токму тогаш ќе се воведе рамноправен третман кон сите економски оператори. МАСИТ постојано предупредува на појавата одлив на мозоци и  одлив на капитал и намалени инвестиции – брзото и ненајавено, однапред неанализирано даночно решение кое претставува сериозна измена во финансиската легислатива во државата многу го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори“, се наведува во соопштението.

Според МАСИТ, воведувањето прогресивен данок директно ги таргетира висококвалификуваните и професионални ИКТ-кадри кои веќе се дефицитарни во Македонија. Тоа, според нив, ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима и подобра социоекономска ситуација.

Останато

5 совети за шопинг на Black Friday!

Објавено

на

Додека шопингот на Black Friday може да изгледа како бурен и стресен процес, сакаме да ве известиме дека не мора да биде баш така. Добрата вест е дека ние направивме истражување и навистина го смаливме целиот процес во прилично компактен водич кој не само што може да се искористи на Black Friday, туку и навистина секој шопинг.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Што е Ravencoin и зошто е важен во светот на криптовалутите?

Објавено

на

Единствената цел на Ravencoin е да овозможи трансфер на средства од една личност на друга преку блокчејн технологија. Ravencoin користи уникатен ASIC резистентен алгоритам наречен x16r. Ravencoin е отпорен на ASIC затоа што постојано го менува редоследот на алгоритмите на хаширање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Остар пад на акциите на Волстрит

Објавено

на

Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа втор ден по ред, при што под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата, а остро падна и трговскиот сектор поради слабите деловни резултати на неколку компании. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange