Останато
Маркит: Економијата во еврозоната во јуни со најсилен скок во последните 15 години

Економијата во еврозоната во јуни порасна најбрзо во последните 15 години благодарение на вакцинацијата против Ковид-19 и ублажувањето на мерките против коронавирусот, што ја зголеми силната побарувачка за стоки и услуги, покажа истражувањето на компанијата „Маркит”.
Индексот за набавка во приватниот сектор во еврозоната (ПМИ) во јуни нарасна за 2,4 поени, на 59,5 поени, што е највисоко ниво од јуни 2006 година, соопшти „Маркит”, зголемувајќи ја неговата вредност за 0,3 поени.
Активностите во индустријата дополнително се забрзаа во јуни, а секторот услуги го забележа својот најсилен раст во последните 14 години благодарение на забрзаното вакцинирање и олеснување на корона мерките, забележува лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци.
Засилена е и домашната и странската побарувачка, особено во индустријата, која забележа најсилен прилив на странски нарачки од септември 2014 година, кога „Маркит” почна да го следи овој индикатор.
„На компаниите се потешко им е да го следат силниот раст на побарувачката, делумно поради недостигот на работна сила, што значи поголема моќ во одредувањето на цените, посочува главниот бизнис економист на „Маркит””, Крис Вилијамсон.
Недостигот на работна сила и капацитет што беше проследен со повисоки цени на комуналните услуги, стоките и горивата, резултираше со најголем скок на трошоците во работењето во последните речиси 13 години, забележува „Маркит”.
„Инфлациските притисоци не се ограничени само на индустријата”, забележува Вилијамсон, истакнувајќи дека поради повисоките трошоци, компаниите во услужниот сектор најмногу ги зголемија цените во последните над 20 години, што сигнализира зајакнување на инфлациските притисоци врз поширока основа.
Бизнис лидерите се оптимисти во предвидувањата за следните 12 месеци, покажува извештајот на „Маркит”.
„Бранот оптимизам дека најтешкиот дел од пандемијата е зад нас ги зголеми очекувањата на компаниите на највисоко ниво, што е добар знак и сигнализира дека растот може дополнително да се зајакне во наредните месеци”, заклучува Вилијамсон.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер