Connect with us

Осигурување

МАПАС ќе ги информира граѓаните за распределбата на средствата во пензиските фондови

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) соопшти дека ќе ги информира членовите во пензискиот систем за нивната распределба во соодветните пензиски фондови и за средствата што ќе им бидат пренесени на нивните индивудуални сметки, вклучувајќи го и надоместокот за ненавремената исплата.

“МАПАС ја известува пошироката јавност дека потполно ја поддржува иницијативата на Министерството за труд и социјална политика и во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови”, се наведува во соопштението.

Инаку, Министерството за труд и социјална политика достави кривична пријава против непознат сторител до Основното јавно обвинителство. Покрај пријавата, доставени се и сите документи од анализата на пензискиот систем со која се откриени неправилностите при распределбата на средствата.

Викендот на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска обелодени дека на 12 илјади осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се во двостолбниот пензиски систем, повеќе години не им биле префрлани средства во вториот столб.

Осигурување

НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: Триглав започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Арт Гаши именуван за Генерален Директор на ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ по донесена одлука од Надзорниот одбор изврши промена на овластено лице – Претседател на Управен одбор и Генерален директор на друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања на пазарот

Објавено

на

Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов производ на пазарот, осигурување на малигни заболувања. Ова покритие е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување за лекување во приватни здравствени установи, кое што вклучува специјалнистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции. Наменето е за резидентниот сегмент, за индивидуални и за семејни корисници и обезбедува материјална заштита во најкритичните моменти во животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange