Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Манфред Херполшајмер: 17 години директор на банка, а денес “јутјубер”

Објавено

на

Манфред Херполшајмер, 65-годишен директор на германската банка Шпаркасе Леверкузен, основал свој личен Јутјуб (YouTube) канал преку кој на помладата популација им објаснува околу финансиите.

Како што вели Блумберг, целта на Херполшајмер е едноставна, на едноставен начин им објаснува на личности помлади од 30 години што претставуваат кредитите.

Идејата се разви преку разговорите со младите. Беа во потрага по видеа кои објаснуваат бизнис и финансии на јазик кој е разбирлив и не е комплициран“, изјави Херполшајмер, кој 17 години бил директор на банка.

Тој додава дека ужива во тоа да ги споделува своите искуства, иако работата на неговиот Јутјуб канал се претворила речиси во целодневна работна активност.

Манфред има импровизирано студио во подрумот на својата куќа, каде ги снима видеата секоја недела, а целта му е да објавува по едно видео неделно.

До сега се објавени пет видеа, сите на германски јазик. Херполшајмер вели дека целта не му е да заработи од својот Јутјуб канал, но истовремено вели дека нема да ги одбие спонзорите доколку се појават.

Криптовалути

Криптовалутата Libra под истрага на Европската Комисија

Објавено

на

Веста дека Фејсбук ќе создаде своја криптовалута, односно ќе подигне потполно независна платформа за дигитални плаќања, ја разбранува јавноста во политичкиот и бизнис секторот, односно ги заинтересира законодавците и регулаторите.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Иновацијата не е луксуз туку потреба!

Објавено

на

Иновацијата не е луксуз туку потреба! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Балканец најде оригинален начин да и се одмазди на банката

Објавено

на

Србин кој бил должник во швајцарска банка одлучил на банката да и се одмазди на свој оригинален начин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange