Останато
Малите и средни претпријатија се клучот за побрзо економско закрепнување

По повод одбележување на Меѓународниот ден на малите и средни претпријатија воспоставен од Организацијата на Обединетите Нации со цел да се подигне јавната свест за нивното значење за економскиот раст и развој, организациите кои ги застапуваат на глобално ниво, здружено ги истакнаа најважните политики кои е потребно да се креираат со цел постпандемиско забрзано економско закрепнување. Малите и средни претпријатија (МСП) се ‘рбетот на европската економија. Тие претставуваат 99 проценти од сите регистрирани претпријатија, вработуваат околу 100 милиони луѓе, сочинуваат повеќе од половина од БДП на Европа и играат клучна улога во додавањето вредност во секој сектор во економијата. МСП креираат иновативни решенија за справување со предизвиците како што се климатските промени, влијаат на ефикасно користење на ресурсите и постигнување подобра социјалната кохезија.
„Малите и средни претпријатија се од клучно значење за постигнување одржлив економски раст. Тие се важен фактор за одржување на конкурентноста и постигнување на економски просперитет, за создавање на отпорност кон надворешните шокови на економски план, за постигнување на повисока вработеност. Но истовремено малите и средни претпријатија се најподложни на потреси, како во случајот со кризата предизвикана од пандемијата, поради што сите активни чинители треба да работат на креирање на добро деловно окружување за поддршка и развој на овие правни субјекти. Како организации, работиме на различни начини кои се прилагодени на националните услови, со цел да им обезбедиме на малите и средни претпријатија сè што е потребно за да растат и развиваат, но потребна е поголема ангажираност од институциите, носителите на одлуките и креаторите на политиките“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија по повод обраќањето на меѓународната конференција каде ги претставува деловните организации од Европа.
За создавање на подобар екосистем на МСП потребно е да се создаде сериозна стратегија за нивен развој и одржливост, која ќе предвидува конкретни мерки и активности со поставени рокови за реализација. Со имплементација на стратегијата треба да се постигне значително зголемување на бројот на МСП кои се занимаваат со одржливи деловни практики, како и да го зголеми бројот на МСП кои користат дигитални технологии. Секоја земја треба да делува да стане попривлечно место за претприемништво и да им овозможи на малите бизниси да растат и да се развиваат. Ова е особено клучно во пост-пандемискиот период, бидејќи малите и средни претпријатија се клучот за побрзо надминување на кризните состојби и за постигнување на одржливиот економски развој.
Исто така е неопходно да се намали регулаторниот товар и да се подобри пристапот до меѓународните пазари, како и да се осигура дека претпријатијата ги користат институционалните механизми за успешни прекугранични активности.
Неопходно е да се преземат мерки за олеснување на пристапот до финансирање што е едно од најгорливите прашања за малите претпријатија, како и да се обезбедуваат континуирани информации за достапност и пристап до извори на финансирањe.
Надлежните институции треба активно да го поддржат претприемништвото кое е делување и постапување според можностите и идеите и нивно трансформирање во додадена економска вредност за сите во општеството.
Иднината на европската економија е во малите и средни претпријатија, затоа е важно земјите да делуваат кон поттикнување, унапредување и координирање на меѓународната соработка и воспоставување на рамка за одржлив раст на МСП на национално, регионално и меѓународно ниво. Во земјава 99,8% од сите претпријатија припаѓаат во групата на МСП.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 1 month
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство