Connect with us

Останато

Малеска-Сачмароска: На жените претприемачки потребна им е финансиска поддршка преку владини мерки

Објавено

на

Евидентно е дека 78,9% од жените претприемачки се соочуваат со немање поддршка во финансирање на нивните бизниси, додека 43,7% се изјасниле дека потребни им се програми за отпочнување сопствен бизнис, се само дел од податоците од анкетата на Националната платформа за женско претприемништво спроведено во 2021 година. Затоа се потребни владини мерки за поддршка на женското претприемништво велат од Центарот за управување со промени како организатори на завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19″ која се одржа во Охрид.

„Би сакале да упатиме апел до централната и локалната власт дека потребни се адекватни мерки и политики за поддршка на претприемачките во пристапот до финансирање на женските бизнис идеи за основање, раст и развој на компаниите. Во иднина корисни би им биле микрокредитните програми, оформувањето на државен фонд за отпочнување и развој на бизниси, како и грантови и субвенционирања на трошоците за камати, но и програмите со нови облици на финансирање. Од особено значење би им било донесување на мерка за дигитализација со цел трансформирање на бизнисите, која ќе овозможи едукација на жените – дигитална писменост, како и фискална поддршка за капитални инвестиции”. – потенцираа од Центарот за управување со промени (ЦУП).

Извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска-Сачмароска, порача дека секаде во светот па и кај нас, женското претприемништво значително ќе порасне со примената на новите дигитални технологии. Жените претприемачки веќе се препознаени како клучни придонесувачки за раст на националните економии и подобрување на условите на локално ниво.

„Со проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19″ поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID овозможивме повеќе иницијативи за развој на мали женски бизниси и насоки како да се прошират и воведат иновации во своето работење. Сите овие иницијативи треба да ги сметаме за почетни чекори кон градење политики на блиска институционална и социјална соработка, така што споделувањето на позитивни бизнис практики, како и нивно преструктуирање во услови на пандемија и економска криза со донесување на конкретни владини мерки за нивна поддршка, се важни чекори за опстанок на женското претприемништво”, истакна Малеска-Сачмароска.

Според ЦУП мерката за унапредување на занаетчиките ќе ги подобри условите за нивно функционирање и опстојување, една од мерките која се потенцираше е мерка за намалување на сивата економија која директно и драстично би ги намалила приходите на регистрираните занаетчики.

„Во комуникација со туристичката комора, согледано е дека последиците од Ковид кризата во туризмот беа најевидентни. Затоа како мерка потребна е силна поддршка од државата, финансиска, но и во форма на промоција. Финансиските пакети изминатиот период дадоа ефект на краток рок, но секторот туризам, за да може да продолжи да се враќа во нормална и дополнително да се развива, поддршката мора да продолжи”, истакнуваат од ЦУП.

На завршната конференција на проектот говореа Елизабета Ѓоргиеска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија како покровител на настанот, Џејмс Стеин, претставник на канцеларијата на УСАИД и Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Резултатите од проектот ги претстави проектната координаторка, Јасна Пајковска, а женските претприемачки кои биле дел од проектот ги пренесоа научените лекции и корисни поддршки кои им овозможиле раст и развој на нивните бизниси. Во делот посветен на „Предлог политики за развој на женско претприемништво” се обратија претставниците од ЦУП, Министерство за економија, Општина Охрид и од Националната Платформа за Женско Претприемништво во југозападниот плански регион.

По завршувањето на конференцијата триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на плоштадот во Охрид ги претставија своите дела инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно