Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Business Man

Максим Максимовиќ [Џангл Травел Македонија]: Патувајте со нашето насмеано племе по целиот свет

Објавено

на

Џангл Травел од Србија – регионален лидер во далечни патувања деновиве отвори канцеларија во центарот на Скопје и по повод отворањето подарува патување на Бали. Џангл Травел веќе 15 години постои во Србија, а последните неколку години е апсолутен лидер во далечни патувања во нашиот регион. Со свои канцеларии во Белград, Нови Сад, Подгорица, Сараево, Загреб, а од неодамна и во Скопје, Jungle Tribe е несекојдневна агенција која на луѓето сака да им овозможи поразличен вид на патувања.

Акцентот го ставаат на искуствата со кои поубаво можат да се доживеат посетените дестинации и култури. Имаат редовни поаѓања за Бали, Тајланд, Филипини, Индија, Јапонија, Јордан, Камбоџа, Малезија, Индонезија, Сингапур, Непал, Шри Ланка, Виетнам, Јапонија, Танзанија, Занзибар, Кенија, Мароко, Куба, Мексико, Перу, Боливија, Чиле, Аргентина, Бразил, Колумбија, Коста Рика, Патагонија, Еквадор итн. Исто така имаат и редовни автобуски тури низ Европа: Португалија (Лисабон, Порто), Русија (Москва и Санкт Петерсбург), Италија (Чинкве Тере, Амалфи, Сицилија), Швајцарија и Лихтенштајн, Страсбур и Колмар, Алзак и Шварцвалд, Амстердам, Берлин, Краков, Прага, Брисел итн.

Разговаравме со ко-сопственикот на Џангл Травел Македонија, Максим Максимовиќ, за идејата, преговорите и почетоците во Македонија, идејата да се донесат патувањата на несекојдневни дестинации да бидат подостапни и за нашите граѓани, што значи да се креира нова атрактивна дестинација и патувањата кои во моментов се достапни.

Банкарство: Џангл Травел Македонија – Необични патувања конечно е реалност и во Македонија. Кажете ни нешто повеќе околу идејата да се донесат овие патувања да бидат подостапни за нашите граѓани, како се одвиваа преговорите и колку време ви беше неопходно за имплементација на овој концепт на локалниот пазар?

Максим Максимовиќ: Ова нема да биде некоја приказна која ќе ве остави подзинати. Jungle Tribe е регионален лидер во далечни патувања. Веќе долго време знаев за нив и за турите кои ги организираат. Мексико од 890 евра со вклучен авион, аеродромски такси, трансфери, хотел и водич. Прво звучи нереално. Потоа среќавате пријател кој бил на вакво патување со Jungle Tribe и е презадоволен. На крај вие решавате да одите и сте презадоволни. Јас отидов и чекор понатаму, па стапив во контакт со мојот сегашен партнер и ко-сопственик на Jungle Tribe Македонија, Филип Милосављевиќ. Прво се запознававме. Најтешко беше да се начека Филип во Србија. Филип го има свртено светот неколку пати, (на Instagram е @celisvet btw). Доаѓа во Србија, неколку дена, па оди во Јужна Америка. Се враќа на неколку дена па оди во Азија. И така 12 месеци. Буквално се ловевме тие неколку дена додека беше достапен во Белград. На крај падна рака 🙂 Иначе сеуште го имплементираме овој концепт на нашиот пазар. Кога ќе завршиме, ќе ви кажеме колку време ни било потребно. Што се однесува до документи, лиценци, останати процедури према министерството за економија и државата – се помина одлично, апсолутно за ништо не можам да се пожалам.

Банкарство: Процесот на “креирање” на едно необично патување бара креативност, ангажман и познавање на различни култури и обичаи. Дали би сакале одблиску да ни го презентирате процесот на креирање на нова дестинација, од идеја до имплементација?

Максим Максимовиќ: Би сакале 🙂 Од најблиску. Седите дома и пуштате Netflix. Гледате дека има некоја нова серија што се вика “Chernobyl”. Ја укуцувате на IMDB и гледате дека има 9.5 оценка. Ја пуштате и уживате цел викенд. Во понеделник доаѓате на работа и барате од каде има најблиску лет за Киев. Купувате карта и летате за Киев, од Солун… Барате локални тур-оператори кои го работат Чернобил како факултатива. Посетувате и договарате состаноци со хотели. Спиете во нив и го контролирате квалитетот. Договарате цени. После неколку состаноци се враќате во Скопје. Правите маркетинг стратегија, поставувате групи и датуми. Почнувате со маркетинг и продажба. Ја полните групата. Учите од грешките и наредната година поставувате повеќе групи за истата дестинација. 15 години постоење и добар менаџмент и… Доаѓате до момент кога имате редовни поаѓања за Перу, Боливија, Чиле, Аргентина, Бразил, Коста Рика, Куба, Мексико, Малезија, Индонезија, Сингапур, Тајланд, Индија, Виетнам, Камбоџа, Шри Ланка, Иран, Јапонија, Филипини, Јордан, Либан, Кенија, Мароко, Танзанија, Занзибар и цела Европа. Приказните за како се настанати овие тури не се далеку од примерот погоре.

Банкарство: Фокусот на агенцијата, како што вели и самиот назив се “необични патувања”. Што се подразбира под необични патувања и кажете ни нешто повеќе околу дестинациите кои во моментов се достапни? 

Максим Максимовиќ: На пример, имаме тура низ Перу, Боливија, Чиле, Аргентина и Бразил, која трае 27 дена и која е доста напорна, но обемна. За време на турата се поминуваат 4 годишни времиња и висинска разлика од околу 5000 метри. Турата вклучува тридневно преоѓање на Андите од Боливија во Чиле – возење со џипови, необични бои, облаци на дофат на рацете, фламингоси и нереален свет околу нас. Секогаш внимаваме нашите аранжмани да покријат и некој важен и интересен период за одредена земја. Јапонија обично ја работиме со неколку поаѓања на пролет – периодот кој во Јапонија се нарекува сакура (период кога цветаат црешите). На Тајланд го нудиме фестивалот на светлата – еден од најимпресивните и најромантичните фестивали на овие простори. Се одбележува секоја година, ноќта на дванаесеттата полна месечина, на крајот на сезоната на дождовите, најчесто во ноември. Луѓето се собираат на реките, каналите или езерата и оддаваат чест на божицата на водата така што украсените сплавови ги пуштаат во вода, притоа замислувајќи желби. Имаме редовни поаѓања за Куба, Мексико и Куба и Мексико заедно. Од Куба пример ги работиме Хавана, Тринидад и Варадеро со сите можни факултативи кои можете да ги замислите. Турите траат од 10 до 17 дена. Секогаш ги препорачуваме подолгите. Веќе кога го прелетувате пола свет до Кариби, би било најдобро да не ви “промакне” ништо. Веќе следното патување може да бирате нова дестинација, па да се вратите на Куба од кога ќе го свртите цел свет барем еднаш. Оваа година Непал е хит дестинација. Немаме еден незадоволен патник. Изгледа воздухот од Хималаите им годи на патниците, а дефинитивно и на локалното население. Имаме тури во Индија од почетнички до тури за експерти и луѓе со силен стомак 🙂 Сите наши водичи ги работат дестинациите долги години и имаат незаменливо искуство. Како да сте на гости кај пријатели во странство. Ги имаат одговорите на сите ваши прашања, идеи и желби. Имаме и посекојдневни тури. Одмор на Занзибар, Мексико, Тајланд или Бали. Убав микс на уживање и шетање. 

Банкарство: Иако сте на самиот почеток од имплементација на идејата, дали за читателите на банкарство можете да откриете што да очекуваме на почетокот од Џангл Травел? 

Максим Максимовиќ: До 04.10.2019 имаме активен “giveaway” на Instagram. Подаруваме патување на Бали 🙂 

View this post on Instagram

🎁🧨🎁 ПОДАРУВАМЕ ПАТУВАЊЕ НА БАЛИ 🧨🎁🧨 Момци и девојки, Jungle Tribe отвори канцеларија во Скопје 🥳Како регионален лидер во далечни патувања и по повод нашето отворање, сакаме да ја почнеме сезоната со подарок патување на Бали (14 дена, поаѓање 31.10.2019), со вклучен авион, аеродромски такси, трансфери, сместување и водич! 😎 . За учество е потребно: 👉🏻 Follow @jungletribemkd, @celisvet, @annstojanova, @angelagjorgieva, @antonijalokvenec, @monikapotter & @evgenij.houp 🙈 👉 Тагнете травел другарче во коментар под сликата на @jungletribemkd . Може да напишете повеќе коментари, се додека тагнувате различни луѓе❗️ . Добитникот ќе биде избран по случаен избор во петок (04.10.2019) во live видео од нашите канцеларии. . Ве сака насмеаното племе ❤️ . . . #jungletravel #jungletribe #целсвет #необичнипатувања #bali #indonesia #инстаграмџии #junglefotograf @aleksandrasashaluss

A post shared by Jungle Travel Macedonia (@jungletribemkd) on

Официјалното отворање е закажано за втората половина на октомври. Планираме да собереме многу авантуристи, водичи, претходни и потенцијални патници на исто место. Нашите водичи да презентираат и раскажуваат приказни од дестинациите кои ги работиме. Да слушаме добра музика, се дружиме и пиеме по некоја пијачка. Да запознаеме нови интересни луѓе и им го пренесеме нашиот ентузијазам за патување. Се надеваме дека 2020 година е годината кога место локалните држави, Азија, Африка или Јужна Америка ќе биде првиот избор за одмор на нашите граѓани.

Фотографија: Игор Доневски

Business Man

Кирил Колемишевски со одлична иницијатива, парите од дневници ги искористи за садење дрвја

Објавено

на

Заменик министерот за економија, г-дин Кирил Колемишевски во текот на вчерашниот ден иницираше прекрасна работна акција која има за основна цел зазеленување на главниот град. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Шекил Онил со неверојатна приказна за заштеди и инвестиции – Како до финансиски шампион?

Објавено

на

Легендарниот НБА кошаркар Шекил Онил кој доминираше во својата ера како еден од најмоќните центри, денес е успешен бизнисмен со огромно богатство вредно над милијарда долари. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Интервју со Јоцо & Богдан, креатори на мобилната апликација “BonusCard”

Објавено

на

Секој од нас, барем еднаш во животот бил револтиран поради фактот дека во секојдневието располагаме со 10-тина картички (за попуст, за собирање на поени, дебитни, кредитни картички, итн) кои ни зафаќаат драгоцен дел од паричниците. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange