Останато
Макрадули: Загубите од досегашното неработење на платниот промет се големи

Покрај пандемијата на вирусот Ковид-19 на Пошта на Северна Македонија минатата година и се случи и стечајот на Еуростандард банка што од 12 август сериозно придонесе за негативниот финансиски тренд на компанијата и генерирање сериозни загуби, посочи денеска генералниот директор на Поштата, Јани Макрадули.
„Во најдобрите денови имало и два милиони денари дневен промет, односно 20 милиони денари месечно. Прометот се движел од 15 до 20 милиони денари месечно со што излегува дека загубите од неработењето на платниот промет се големи”, рече Макрадули во одговор на прашање по посетата на поштата во Карпош заедно со членот на Управниот одбор на Халкбанк А.Д. Скопје, Букет Геречџи.
Компанијата, како што рече, ја наследил со тековен финансиски минус од 2,5 милиони евра и акумулиран минус од 10-тина милиони евра, кои, посочи, не секогаш се по вина на менаџментот на Пошта, туку за него придонеле и неколку одлуки на владите и на Собранието.
„Со одлуки на владите и на Собранието се простени долговите кон Пошта, а 4,2 милиони акции кои се продале од Поштенска банка пред 10-тина години не биле вратени во Пошта и се акумулирал минус од 10-тина милиони евра. Но, ние мораме да најдеме начин финансиски да ја стабилизираме компанијата и тоа ќе го направиме со воведување на нови услуги, со електронската трговија која верувам дека ќе започне на 8 март и со воведување и на други заеднички услуги со нашите партнери од Халкбанк”, рече Макрадули.
Пошта, како што посочи, има 2035 вработени од кои 800 се пошто разнесувачи, а заедно со шалтерите на платен промет се околу 1.300. За жал има вишок во делот на администрација.
„Имаме луѓе кои не придонесуваат онака како што треба и товарот паѓа на помалку кои ја вршат и нивната работа. Во овој момент сакаме финансиски да ја стабилизираме компанијата за да можеме потоа кредибилно да се претставиме во светот. Структурата на вработените во Пошта е повозрасна и 60 проценти се од 55 години нагоре, а 60 отсто од вработените имаат средно образование. Голем дел одат во пензија и потребна е свежа крв да влезе за компанијата да биде поатрактивно во работењето и да биде поконкурентна. Можеби со прераспределба полесно ќе се решат проблемите”, истакна Макрадули.
Има луѓе со кои разговараме за јавно приватно партнерство, додаде, а предноста на Пошта, е што има инфраструкутра и ја покрива цела територија на државата, како и искуството и знаењето на луѓето што работат во Пошта.
„Тоа е атрактивно за одредени субјекти иако во моментов имаме уште нерасчистени објекти во кои сопственоста е заедно со Телеком. Треба прво тој процес да го завршиме па потоа можеме да зборуваме за продажба. Нас ни треба ноу хау, односно да увеземе знаење во однос на некои работи кои треба да ги направиме побрзо и поефикасно и треба да учиме од регионот. Во овој момент повеќе разговараме како да примениме одредено знаење во секојдневната пракса и дел од активностите што ги почнуваме одат во правец на приоритетите кои постојат во поштите во Европа каде 68 отсто од приходите припаѓаат на електронската трговија. Посериозно мораме да влеземе и во пакетскиот дел. Тоа се укажувањата кои ги имаме од секаде и кои сакаме да ги примениме”, рече Макрадули.
Пошта во партнерство со Халк банка од денеска повторно ја стартува работата на платниот промет. Денеска стартуваа услугите во 35 поштенски единици, за утре или задутре е најавено отворање на уште едена, а до крајот на неделава, по истекувањето на тест периодот за софтверски и безбедносни протоколи и за продукцискиот дел, ќе почне во сите 300 единици ширум земјава.
Останато
Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), поддржан од Германија и ЕУ, во чии канцеларии беше потпишан меморандумот. (more…)
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот