Connect with us

Компании

Макрадули ветува нов начин на функционирање на националната Пошта

Објавено

на

„Во 2021 година сакаме да одговориме на предизвиците и барањата на граѓаните преку повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата, зголемување на работното време и начинот на кој ќе бидат отворени шалтерите во Пошта, како и преку брзо започнување со електронска трговија која е наша голема обврска кон граѓаните, особено во време на Ковид-19″, истакна генералниот директор на „Пошта на Северна Македонија” Јани Макрадули во обраќање пред вработените.

Наведе дека е зголемен бројот на испорачани пакети преку Пошта на РСМ во Скопје во текот на минатиот месец, но и оти има пратки што доцнат, што не се испорачуваат, како и дека граѓаните се соочуваат со нељубезен однос и непочитување на работното време од дел од вработените.

„Изминативе триесет дена откако „Пошта на Северна Македонија” целосно се отвори кон медиумите и е постојано присутна на социјалните мрежи, пристигнаа повеќе од 1.000 коментари од страна на граѓаните. Ме радува што две третини се коментари кои ни даваат поддршка и ја гледаат разликата во новата работа, а потврда за тоа е и зголемениот број на испорачани пакети во Скопје во текот на декември 2020 година. Но, мора да покажеме дека можеме да се менуваме!”, порача Макрадули.

Тој истакна дека секој со својот личен ангажман и вршење на зададените работни задачи мора да придонесе да се врати Пошта таму кај што припаѓа – меѓу граѓаните.

„Ја враќаме Пошта кон граѓаните бидејќи токму тие ни даваат плата бидејќи избираат да ги користат нашите услуги. Затоа мора да бидеме отворени и одговорни, но и да слушаме и исполнуваме. Сакам да нагласам дека особено ги слушаме критиките. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека, за жал, има пратки што доцнат, пратки што не се испорачуваат, граѓаните се соочуваат со нељубезен однос и непочитување на работното време од дел од вработените!”, потенцираше Макрадули.

Затоа, посочи тој, во Пошта секој треба да биде подготвен за пофалби, но првенствено да преземе конкретни решенија за овие критики, почнувајќи од него како генерален директор, членовите на Управниот одбор, па сè до пошторазнесувачот или шалтерскиот работник.

Компании

КаСис бележи раст на добивката во 2020 и најaвува нови инвестиции за дигитални технологии во 2021

Објавено

на

Процесинг центарот Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) реализираше забележителни резултати во 2020 година и покрај отежнатите услови за функционирање и ограничувањата што ги наметна пандемијата. Во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година КаСис оствари нето добивка за финансиската година во износ од 45.568.241 илјади денари, што е за 75% поголема од нето добивката за 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Зголемете го вашето присуството на пазарот со myWorld Partner програмата

Објавено

на

Најголемата меѓународна програма за лојалност на потрошувачи кај малите и средни претпријатија, myWorld (мајВорлд), е во постојан раст, како во светот така и кај нас. Според последните анализи, во Македонија секој месец просечно по 10 нови трговски партнери започнуваат да ја користат мајВорлд партнер програмата (myWorld Partner Program). (more…)

Продолжи со читање

Компании

Квалификувани сертификати за безбедно дигитално работење

Објавено

на

Секоја компанија којашто решава да го започне процесот на дигитализација има иста цел – да ја унапреди работата и ефикасноста, а истовремено да обезбеди сигурност и заштита на податоците и документите. Квалификуваните сертификати за електронски потпис и печат овозможуваат електронско потпишување документи со највисоко ниво на заштита и доверба. (more…)

Продолжи со читање


Популарно