Платежни картички
Македонци во странство потрошиле 103,9 милиони евра од своите платежни картички


Македонски државјани потрошиле во странство 103,9 милиони евра со своите платежни картички, покажува статистиката на Народната банка.
Сумата е за првото полугодие од оваа година, односно од јануари до јуни и во неа влегуваат сите транскации со наши картички надвор, без оглед дали се повлечени на банкомат, или со нив имателите пазареле во маркети и продавници. Во истиот период, во Македонија пак, со странски картички реализирани се трансакции вредни 124,3 милиони евра.
Податоците кои ги анализиравме покажуваат дека најголем дел од парите кои сме ги потрошиле надвор се од трансакции на пос терминали што укажува на тоа дека со наши картички граѓаните надвор најмногу пазареле во маркети, бутици, продавници. Или на пос терминали во странство, во првите шест месеци сме потрошиле 57,2 милиони евра. Во истиот период како готовина на тамошни банкомати сме извадиле вкупно 11,9 милиони евра. Преку интернет пак, во странски продавници за шест месеци годинава сме потрошиле безмалку 40 милиони евра. Во оваа усма влегуваат сите нарачки на Али експрес и сличните страници на кои најчесто пазариме.
Малку поразлична е ситуацијата кога станува збор за странци кои со картички пазареле во наши продавници. Имено статистиката покажува дека во шесте месеци годинава од странски картички повеќе е повлечен кеш, на сметка на пазарувањето по продавници или сумата која поминала на пос терминали. Така, како готовина странци извадиле од македонски банкомати 73,9 милиони евра, додека испазариле во наши продавници за 49 милиони евра. Сумата која е потрошена во продавници кои нудат производи на интернет од странски картички изнесува 1,4 милиони евра.
Платежни картички
Mastercard world: За патувања и живот со привилегии


Доколку сте љубител на патувања, често патувате или тоа допрва ќе го правите, не двоумите се која платежна картичка да ја изберете како ваше средство за плаќање во странство. (more…)
Останато
Заштеди на бензин и струја – Храната доаѓа со бесплатна достава низ цело Скопје


Периодов би ги искористиле сите можни трикови за да заштедиме на бензин и струја, па ако тоа значи дека не мора да готвиме и да се возиме низ град во потрага по храна – прашањето би било: „Како одма да го изведам тоа?“ (more…)
Лични финансии
Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?


Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје