Connect with us

Депозити

Македонците чуваат 4,7 милијарди евра во банките

Објавено

на

Околу 4,7 милијарди евра граѓаните штедат во македонските банки, покажуваат податоците на Народната банка.

Комерцијална банка АД Скопје е банката во која граѓаните имаат најголема доверба и таму најмногу ги депонираат своите заштеди. Податоците на НБРСМ, покажуваат дека граѓаните во Комерцијална банка чуваат 1,3 милијарди евра.

Втора најсигурна банка на која домаќинствата и ги довериле своите заштедите е Стопанска банка АД-Скопје, во која според податоците на Народната банка се чуваат депозити на граѓаните кои изнесуваат над една милијарда евра.

Трета банка со најголемо депозитно салдо е третата банка од големата тројка – НЛБ Банка АД Скопје, банка во која граѓаните чуваат заштеди во вредност од околу 900 милиони евра.

Во Халкбанк АД Скопје граѓаните чуваат заштеди во вредност од 315 милиони евра, во Охридска банка АД Скопје се депонирани 218 милиони евра во депозити, додека пак во УНИБанка АД Скопје граѓаните имаат заштеди во износ од 206 милиони евра.

Депозити

Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов производ – Промотивен депозит плус

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со воведување нов производ – Промотивен депозит плус, со атрактивни фиксни каматни стапки, кои достигнуваат и 2,4% годишно за депозити на 36 месеци. Депозит плус е погоден за клиентите што се заинтересирани да штедат во денари на подолг период. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Искористете ја можноста и започнете да штедите! Најатрактивната 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

Објавено

на

Летото е период на планирање одмори, како и креирање нови планови. Но, оваа година летото е добар период за шетедење! (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Оствари ги желбите пред време со новиот депозит на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Новиот депозит на Стопанска банка а.д. Битола е комплетна понуда која ги содржи сите поволности на најконкурентен и најповолен депозитен производ – фиксна каматна стапка, исплата на каматата ВЕДНАШ – на денот на орочување на влогот и највисока камата од 4% за депозит орочен на 24 месеци. (more…)

Продолжи со читање


Популарно